Убавината – проклетство на убавата жена

popara6 април, 20141min00
9

Всушност, убавината е преценета и воопшто не е благослов како да се мисли. Се разбира, повеќе сакаме да сме атрактивни отколку да не сме. Но, повеќето луѓе ја гледаат само едната страна од медалот, инсинуираат дека тие убавината би ја искористиле поинаку, но тоа е невозможно, бидејќи убавината секогаш доаѓа и со недостатоците.

Зошто убавината може да биде хендикеп

Убавината, всушност предизвикува повеќе негативни емоции отколку позитивни. Другите жени ве мразат и мислат дека вашата животна мисија е да го соберете нивниот сопруг или да се опнете со нивниот фраер, а вие немате срце да им кажете дека тој не ви е интересен … Ако не сте заинтересирани или сте зафатени, ве мразат и мажите! Скоро секој кој ќе го одбиете зборува за вас најгрди нешта по Божјата правда кои човечкиот ум може да ги замисли (бидејќи машкото его тешко се справува со одбивањето) … Вие постојано се оправдувате поради нешто! А ако ви е даден со убавината и ум, па т.н ментална убавина, која во голема мера ја прави емпатијата, тогаш сфаќате дека убавината ги прави другите луѓе во вашето друштво небезбедни, поставувајќи бариера која често е невозможно да се надмине.

Луѓе имаат предрасуди ако сте убава дека сте нарцисоидна, себична и егоцентрична … Што значи, дека на првиот состанок имате многу, многу нешта за побивање. Тоа не е лесно, верувајте ми !

Мора да вложите многу напор за да се префрлите од негативниот став во неутрален, па евентуално да се борите за позитивен … Често најголемите грешки во изборот на луѓето, се случуваат кога ќе се обидете да ја демантирате оваа неправда и да покажете дека немате драма со својата убавина .. Јас мислам дека тоа совршено одговара на прашањето “Зошто убавите и паметни жени завршуваат со кретени?” Се разбира, под претпоставка дека сте арогантна, луѓето понекогаш имаат и право. Обдарени со убавина и подобар изглед од другите, некои од овие жени веќе во текот на детството развиваат чувство на физичка супериорност, но, исто така, и на ментална несигурност која се поврзува со убавината.

Имено, не е точно дека до сите достигнувања се доаѓа полесно, туку сосема спротивно!

Ви приоѓаат со претпоставката дека сте тупи, необразовани и всушност до сѐ сте дошле задоволувајќи ја страста на професорите, менторите, шефовите, директорите … Што не е и не може да биде вистинито! Секако дека убавите жени почесто доаѓаат во можност да напредуваат на тој начин, но ако нивната убавина е единствениот адут напредокот е невозможен! (!!!) И не само тоа, туку од таа позиција брчките и целулитот се вашите смртни непријатели. Затоа што отстапница немате. Стареењето не е лесно за никого, но особено тешко е за оние кои имаат многу да изгубат – на некој кој својот идентитет и достигнувањата го градел на убавината. Таков тероризам, губење на личноста ги присилува жените да влечат очајни потези како што е зависноста од пластичната хирургија. Преку медиумите се сугерира дека убавината е “стока” на пазарот. Ако не избереме отстранување на мастите, затегнување и ботокс, тоа се толкува како неуспех во користењето на сите расположливи средства да го задржиме младешкиот изглед и социјално пожелен изглед. Каков ужас!

Се разбира, убавината е предност (но само) во некои професии, но на повеќето е сосема спротивно. Верувајте ми, секогаш кога гледам убав научник, политичар или претседател помислувам “Мајко моја, ова е ѕвер! И на неа треба да ѝ се даде од сѐ по два пати, бидејќи што се таа кутрата морала да помине да добие шанса да покаже дека не е ретардирана, а камо ли да постигне таков интелектуален успех!” Како што веќе наведов, привлечната жена мора да се соочи со предрасудата дека е лесна жена, која добила работа врз основа на изгледот или со умешност ги задоволила сексуалните апетити, и со претпоставка дека сите нејзини достигнувања се постигнати со помош на изгледот.

Кога сте убави од надвор, луѓето помалку веруваат дека сте шармантни и од внатре. И додека убавината секогаш се поврзува со опсесијата за диетите и вежбањето, неоправданиот егоизам и нељубезноста наспроти другите жени, тоа е многу ретка вистина. Јас лично познавам голем број на многу убави жени, и верувајте за ниту една од нив не би било фер да се каже дека е злобна! Напротив.

Се разбира, ако сте убави привлекувате повеќе внимание. Знам, звучи одлично … Но, не е!

Никој не сака да биде постојано под контрола. Можеби понекогаш, ако сте навистина задоволни посакувате да сте во центарот на вниманието, а тоа е човечки … Но, тоа е еднаш од десет пати, кога излегувате на улица! Што е со оние другите девет пати ? Никој не сака по весниците да му се провлекуваат слики со целулит, мрсна коса, мозолчиња, недепилирани пазуви, истегнати маици …

Диета. Или уште подобро кажано диети. Се разбира, сите внимаваме што јадеме, но кога сте убави и ве придружува чувството дека ве набљудуваат, тоа станува опсесија од која нема бегање. Коку сте оптоварени со изгледот во вашиот мозок се намалува просторот за размислување за било што друго. А тоа не е толку лошо, затоа што немате време за размислување за вистинските проблеми. Единствена тема која ве интересира е тоа што сте јаделе и колку ќе изедете за следниот оброк.

Убавината на жената ѝ е одговорност. Вреднувани сме и наградени врз основа на тоа колку добро го вплотуваме овој идеал на “совршеното женско тело”, т.е. колку добро со тој идеал знаеме да манипулираме. Значи, колку добро знаеме со таа дарба да ги исполниме другите! Секако умот е значаен … Иако тоа многу пати вклучува и да се правиме наудрени…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *