
Верниците имаат можност да сведочат за ново чудо во скопската црква Св. Димитрија. Завчера за време на литургијата забележавме оваа чудесна пројава на светлина на иконата на св. пророк Илија. Во помал интензитет истотo се слиучи и со иконата Кршетвањето на нашиот Господ Исус Христос (според тоа што успеваме да го забележиме).Благодатта Божја и Неговата голема милост преку посредувањето на св.вмч. Димитриј сеуште е со нас во нашата Црква. Нам ни преостанува храбро, со дела, во подвигот на љубовта и зацврстувањето на верата во нашитер срца бескрајно да Му благодариме на Бог за се.

