
Според насловот јасно ви е дека во оваа статија ќе се обидеме да ви докажеме дека жените во своите 30ти години се многу подобри во кревет за разлика од оние помлдите девојки во своите 20ти. Подолу во текстот ќе ве соочиме со цврсти аргументи и тешко би ви било да ги оспорите доколку се обидете. Дознајте зошто мажите се одлучија за повозрасните дами:
Прифаќање на сопственото тело
Откако во дваесетите години секој ден жените стојат пред огледалото и се нервираат поради својот несовршен изглед, жените во триесетите години стануваат свесни за своите достигнувања и квалитет, па полесно ги прифаќаат физичките недостатоци. Манекенките и моделите од списанијата и тв екраните, престануваат да бидат мерило за добар изглед и убавина, па секоја жена започнува да се чувствува сосема добро во сопствената кожа.
Сексуална моќ
Просечната жена до триесетите години веќе веројатно сменила неколку сексуални партнери и се запознала со своите навики и желби во кревет. Знаејќи што може најдобро да ја задоволи, таа лесно ги изнесува потребите и своите мечти, па затоа не се плаши да ги побара во текот на интимните моменти. Исто така, таа ги цени своите љубовни вештини и со задоволство ги применува.
Хемија
Немајќи повеќе нереални очекувања од своето тело, жената и самата започнува да се чувствува сексуално привлечно. А тоа, се разбира влијае и на нејзината интимна самодоверба.
Комуникација
После години поминати во читање за сексуалноста низ различни статии и останата еротска проза, на жените повеќе не им е непријатно отворено да разговараат со своите партнери за теми од спалната соба. Од исполнување на сопствените мечти до враќање на сексуални услуги, машко-женската комуникација никогаш не функционирала подобро, се разбира, на задоволство на двете страни.
Уживање
Сексот за жената во триесетите години повеќе не е докажување туку уживање. Имајќи повеќе искуство со машкиот ментален склоп, жените полесно формираат врски, па и полесно се опуштаат во текот на односите. Колку е подолго парот заедно, толку подобро функционира тој во кревет. А ако интимниот живот западне во монотонија, полесно ќе се започне разговор за тоа и ќе се воведат различни нови нешта кои ќе ги вратат во златните времиња.
Привлечност
Жените во своите дваесети години претежно ги заведуваат мажите со својот физички изглед. Но како минува времето, доаѓаат професионалните и личните успеси, поради кои жените стануваат привлечни во нов контекст. Во триесетите години повеќе не мора да играат само на картата на телесна убавина, туку и на развиениот интелект. Самосвесни и многу похрабри, тие чувствуваат дека се уште повеќе интересни за мажите.
Долги врски
Во триесетите години многу жени влегуваат во долги врски, кои вклучуваат и бракови. Ова исто така влијае на нивната самодоверба, бидејќи на потсвесно ниво тие примаат порака дека некој е подготвен со нив да го мине целиот живот.