
Руни е роден во Бруклин, првпат се појавил на филмското платно кога имал 18 месеци, а до 1965 година снимил 200 филмови.
Неговата филмска и музичка кариера траеше осум децении, четири пати беше номиниран за наградата Оскар, а ја доби два пати вклучувајќи ја и наградата за животно дело во 1983 година.
Руни се женеше осум пати, а една од неговите сопруги е филмската легенда Ава Гарднер. Поголем дел од богатството го потроши за алиментација, поради што во еден период банкротираше.
И покрај големиот успех, Руни своевремено призна дека славата го принудила да порасне премногу брзо.
Тој се занимаваше со филм, телевизија и театар и откако наполнил 80 години.