Живот, љубов и кариера за секој знак од Зодијакот за 2015 година!

popara17 ноември, 20141min00
6

Проверете како ќе изгледа новата 2015 година според вашиот хороскопски знак во поглед на љубовта, општо за животот и во поглед на кариерата. Сето тоа е опишано само во неколку реченици.

ОВЕН

Живот: Среќата ќе биде на ваша страна, посебно последните три месеци од годината. Не плашете се да ризикувате, бидејќи максимално ќе профитирате.

Љубов: Вашата главна цел е да откриете што всушност сакате и ви треба од врската. Време е за малку интроспекција.

Кариера: Вашата креативност е на врвот. Не се ограничувајте и вашите најдобри идеи предложете ги на вашиот надреден, кој за возврат ќе го препознае вашиот огромен потенцијал.

БИК

Живот: Вие сте реални и сакате се да планирате однапред, но, оваа година ќе ве обвие желба за нови спонтани искуства.

Љубов: Ситуацијата ќе биде малку хаотична, ама бидете трпеливи, се ќе тргне на подобро кон крајот на годината.

Кариера: Ќе бидете незадоволни на работа. Започнете да барате нови можности, но, не давајте отказ додека не одлучите што понатаму.

РАК

Живот: Во годината што измина доста работевте на себе, а оваа година ќе уживате во плодовите на вашиот труд- без разлика дали се работи за кариерата, финансиската состојба или љубовниот живот.

Љубов:Уморни од играњето игри, вие ќе бидете искрени спрема луѓето, а новиот пристап ќе ви помогне да го пронајдете вашиот господин Совршен.

Кариера: Поставивте нови цели, но, не се осмелувате да го направите првиот чекор. Поттикнете се самите себе си и работите ќе си доаѓаат сами по себе.


БЛИЗНАЦИ

Живот: Оваа година пријателите ќе играат голема улога во вашиот живот. Некои ќе ве инспирираат да испробате нови работи, а други ќе ви помогнат да ги преминете тешките препреки.

Љубов: Ве привлекуваат лошите момци, но оваа година ќе запознаете дел од оние добрите кои ќе направат да го ревидирате вашиот вкус за мажи.

Кариера: Забавата и работата држете ги разделени. Верувајте има време за се.

ЛАВ

Живот: Следните 12 месеци вашиот живот ќе се врти околу забава. Дружењето и смеењето со пријателите ќе ви ја подобрат енергијата и ќе ви го разубават животот.

Љубов: Во средината на годината очекувајте го вашиот страстен период. Ќе бидете вљубени како никогаш и ќе уживате во страстен секс.

Кариера: Некои луѓе ќе се сомневаат во вашите способности. Докажете дека погрешно ве процениле и потрудете се како никогаш досега.

ДЕВИЦА

Живот: Ќе имате премногу енергија, и повеќе одошто ви е потребно. Искористете ја таа енергија како би ги завршиле работите кои долго време ги одложувавте.

Љубов: Фокусирајте се само на она што ви одговара и решете се од се она што ве нервира.

Кариера:Ќе имате повеќе работа и ќе ви биде понапорно одошто сте се навикнале. Но, сфатете го ова како прилика да ги докажете своите способности.

ВАГА

Живот: Ќе влезете во фаза во која ќе посакате вашата куќа да ја претворите во дом. Создадете удобно гнездо за романтика и дружење.

Љубов: Оваа година ќе се впуштите во спонтан флерт, не размислувајќи за иднината. Живејте во моментот!

Кариера: Во следните шест месеци очекувајте големо напредување на работа.

ШКОРПИЈА

Живот: Прилично сте екстравертни, но оваа година ќе се разбуди вашата интровертна страна.

Љубов: Покажете го вашето вистинско лице на личноста која ви се допаѓа.

Кариера: Шефот ќе ве обожува. Искористете го тоа!

СТРЕЛЕЦ

Живот: Толку многу бевте сконцентрирани на својот живот, што ги запоставивте вашите пријатели. Оваа година е време да преземете нешто околу тоа.

Љубов: Доколку чезнеете за момче кое нема да се плаши од посветеност и интимност, добрата вест за вас е дека ќе го пронајдете.

Кариера: Го дадовте својот максимум на работното место, сега е време да го успорите темпото и да уживате.

ЈАРЕЦ

Живот: Животот ќе ви приреди ситуации, кои ќе морате да ги пребродите.

Љубов: Оваа година ќе размислувате за посериозни љубовни чекори.

Кариера: Добро размислете кому му ги доверувате вашите доверливи бизнис информации.

ВОДОЛИЈА

Живот: Честитаме. Оваа година за вас ќе биде неверојатно успешна и ќе бидете прилично задоволни.

Љубов: Доколку имате потешкотии и проблеми, не се двоумете да побарате помош од вашите пријателки.

Кариера: Ќе сфатите дека не сте доволно платени. Не се двоумите да го побарате заслуженото.

РИБИ

Живот: Преполни со енергија и ентузијазам. Оваа година небото ќе биде вашата граница.

Љубов: Оваа година ќе бидете посебно сентиментални.

Кариера: Ќе морате да му покажете на вашиот шеф за што се сте способни, а најдобро време за тоа ќе биде в лето и есен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma