Синот на Аркан: Милошевиќ не го уби татко ми!

popara9 април, 20141min00
Vojin-Raznatovic-Zeljko-Raznatovic-Arkan-830x553-1

Од петте најодговорни личности за смртта на мојот татко, можам да кажам дека само една е засега во затвор. Другата беше во затвор, третата е во странство, четвртата се уби, а петтата е во пензија, вели синот на Аркан и додава дека тоа се личности кои му биле блиски соработници и дека Слободан Милошевиќ дефинитивно не го убил неговиот татко.

Војин додава и дека не сака одмазда, туку напротив, сака вистината и правдата да излезат на виделина.

– Знам дека Слобо беше во шок кога јавија за смртта на мојот татко – вели Војин и додава дека во книгата „Приказни за мојот татко” која ќе излезе на 17. април, на роденденот на Аркан, ќе ги открие сите имиња.

Неодамна српските медиуми објавија дека Аркан бил убиен по наредба од Слободан Милошевиќ.