Живата „Барбика“ со бизарно интервју! Мрази деца и мешани бракови!

popara9 април, 20141min00
barbi

Сите сакаат да бидат послаби. Сите сакаат нови гради. Сите го поправаат своето лице ако не е идеално. Тоа е тренд на глобално ниво”.
Кога новинарот рекол дека пластичните операции се нова појава и дека порано различно била прифаќана убавината, Валерија од себе извлекла нова „мудрост”: „За тоа е криво мешањето на расите”.

1de2c1e46aea464c8108cdff9a8e9d63

„На пример еден Русин ќе се ожени со жена од Ерменија. Ќе добијат дете, слатко девојче, но тоа го наследило носот на татко си. Сега се мешаат различни националности и се создаваат дегенерации, но порано не било така. Се сеќавате колку биле убави жените од педесеттите или шеесеттите години од минатиот век без пластични операции? Сега благодарение на дегенерацијата, го имаме ова. Јас ја сакам оваа нордиска слика од себе. Имам убава бела кожа. Јас сум нордиски тип, со мешавина на источен Балтик”, изјавила Валерија.

На прашањето дали се гледа себеси како мајка, таа со гнасење рекла не. „Тоа ми е неприфатливо. Самата идеја на дете во мене предизвикува длабоко гадење. Повеќето луѓе имаат деца со цел да си ги остварат своите амбиции. Не размислуваат за тоа што можат да му дадат на тоа дете, што можат да го научат. Или 30-годишна жена која вели, ќе имам дете тоа ќе ме сака и ќе биде моја причина за живот. Потоа тоа дете ќе стане фудбалска топка со која ќе си играат мајката и нејзиниот дечко. Најлошо нешто во светот е семејниот живот, подобро ќе умрам во маки, отколку да основам семејство”, рекла Валерија.