Овие девојки ќе ви го уништат животот! Внимателно со нив!

popara14 април, 20141min00
18

Сите ние сме налетале на “лоша“ девојка што ни го скршила срцето и го претворила во пекол нашиот живот. Токму затоа решив да ја споделам со сите вас оваа статија како еден вид упатство, односно список на жени од кои треба да стоиме подалеку и да не дозволуваме да влегуваат во нашиот живот и да ни го пореметат. Погледнете кои се тие девојки кои ќе ви го уништат животот…Дали се согласувате со нас очекуваме да ни кажете во коментари, или можеби имате да додадете уште нешто во списокот?

Кај секоја девојка постојат добри и лоши страни, всушност како и кај секое живо суштество на планетава, но прашање е само дали кај комплицираните девојки преовладуваат добри или лоши особини. Но кога околината ги гледа тие девојки, тие изгледаат вака:

„Кучки“
Можеби многу мажи одбиваат девојки со ваков статус, но постојат и многу мажи кои се палат на нив. Тие се девојки со јасни ставови за сѐ, иако тој став е воглавно негативен во однос на другите луѓе: тие сакаат да доминираат, не обрнуваат многу внимание на луѓето околу себе, не се воодушевуваат од вниманието кое го добиваат (ако го добиваат), и она што е најбитно – на прво место кај нив си се само тие.
Мажите кои со нив се впуштаат во нешто повеќе од „забава за една ноќ“ или се мазохисти и го сакаат тоа, или немаат поима како може да изгледа пеколот и не знаат што ги чека. Овие девојки можат да бидат интересни само како познанички чии приказни повремено ќе ве насмеат и ништо повеќе.

Премногу атрактивни
Оние кои се трудат во секое време да ги привлечат погледите на присутните, веројатно и успеваат во тоа. Сосема е логично дека нив физичкиот изглед им е пресуден, и дека најголем дел од времето го минуваат размислувајќи за облека, нокти, фризури и шминка. Некако по правило со нив одат и љубоморни мажи, што е и нормално, бидејќи тие го привлекуваат вниманието на речиси сите мажи, а еден од нив сигурно сте и вие.
Што се однесува на верноста и лојалноста, со вакви девојки никогаш не се знае – дали несвесно сакаат внимание и туѓи погледи или се промискуитетни. Со нив не треба да очекувате сериозна врска.
Лажливки
Се работи за девојки кои мислат дека со мали и ноншалантни лаги ќе дојдат до целта. Всушност ова се девојки кои на почетокот велат дека ја сакаат слободата, дека врска и не им е битна, туку дека сакаат повремен секс без обврски. Такви нешта не треба да се изговараат туку сами по себе се препознаваат, најмногу во постапките и однесувањето. Но, девојките кои тоа го ставаат во прв план, обично се девојки кои подоцна бараат од вас да објасните зошто не сте сѐ уште во врска.
Мажите кои се впуштаат во „врска без обврски“ со вакви девојки многу често мислат дека се посреќиле, но на крај вистината секогаш излегува на виделина.
Спонзоруши
Нив секогаш ги имало и ги има. Пред сѐ тоа се девојки кои добро изгледаат и имаат една цел во животот – да се омажат за пари. Тие се вешти во приказните (веројатно и во креветот), негувани, често се многу фини и подготвени да простат сѐ. Тие се всушност идеални додека да дојдат до целта, а за нив идеални се мажи кои имаат пари а немаат искуство.
Проблемите ќе се појават подоцна – ако се воспостави дека вашите многу пари не се доволно, ако таа ве откачи за некој со повеќе пари од вас и т.н. Внимателно со нив!