Пред неколку дена Маркес беше отпуштен од болница во која мина повеќе од една седмица. Славниот писател беше хоспитализиран поради инфекција на белите дробови и дехидрација и беше подложен на антибиотска терапија.
Последен пат Марекс се појави во јавноста во почетокот на март годинава, кога излезе од својот дом за разговор со новинарите и неговите обожаватели кои го одбележуваа неговиот роденден.
Претседателот Хуан Маниел Сантос веќе реагираше на информацијата што ја јави мексиканската телевизија Fоrо TV на својот микроблог на Twitter.
„Илјада лета осаменост и тага поради смртта на еден од најголемите Колумбијци на сите времиња, го изразувам сочувството на семејството”, секако алудирајќи на делот „Сто години самотија”.
Габриел Гарсија Маркес, беше светски славен писател, новинар, публицист, издавач, политички деец и лауреат на Нобеловата награда за литература во 1982 година. Претставник на литературниот правец „магичен реализам” и корифеј на латиноамериканската и на светската проза во ХХ век, Маркес е автор на светски прославените романи како „Сто години самотија”, „Есента на патријархот” и „На полковникот нема кој да му пишува”.