Состојки:
- 90 мл сојно млеко (доколку немате може и обично)
- 1 ½ банана
- 125 мл јогурт со ниска масленост, замрзнати во текот на ноќта, или пак јогурт со мал удел на масти и 4 коцки мраз
- 2 лажички сецкани бадеми
- 1 лажичка сецкани ореви
- 1 лажица мед
- 3 коцки мраз
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и обработете ги додека не добиете соединета, кремаста течност. Ставете во чаша и послужете веднаш.
Хранливи материи: Овој смути е богат со витамините B2, B5, B6, B7. B12, C, калциум, магнезиум, манган, фосфат, калиум, цинк, јод.
Исто така содржи и многу витамин B1, E, фолна киселина бакар, а има и витамин B3, бета каротен, железо, влакна, селен.