Што сакаат жените според хороскопскиот знак?

popara21 декември, 20141min00
9

ОВЕН

Особините кои се наведени кај господинот Овен, кај госпоѓата/госпоѓицата Овен се доста модифицирани поради припадноста кон полот, но и таа своите наклоности и чувства ќе ги манифестира на сличен, отворен и топол начин. Можеби нема да биде романтична и нежна, но затоа ќе биде многу искрена. Кога сака, таа е мотор кој постојано е во погон, помагајќи му секогаш на својот партнер да ги оствари своите замисли, а притоа е војнички дисциплинирана и лојална.
Проблемот е во тоа што оваа силна и енергична жена со не мала гордост во себе, по правило привлекува многу послаби личности од спротивниот пол, а тоа пак најчесто води кон пропаст на врската и бракот. Во оној момент кога таа станува доминантна поради својата енергија и сила, таа ја губи почитта која ја има кон својот партнер, така што крајот е неминовен, или во поблаг случај лојалноста, што претпоставува и можност за авантури и компензации надвор од врската.
Оваа жена е во постојана, но за жал најчесто неуспешна потрага по силен маж. Бидејќи е посилна од повеќето, може да стане исклучително фрустрирана и неподнослива.
Овенот на физички план владее со главата, па оттаму поради стресот и напнатоста, најчести здравствени нарушувања се главоболките со мигреничен предзнак.

БИК

Гопоѓата/госпоѓицата Бик е многу слична на својот машки пандан. И неа ја привлекуваат истите работи како и него, но можеби по поинаков редослед. И во двете задоволства, храната и сексот, како и господинот Бик знае да претера, посебно ако е претставник на знакот со пониско ниво на свесност.
Оваа жена е практична, силна и одлична домаќинка, мајка која не ги малтретира своите деца со постојаното бдеење над нив.
Приоритетите и се исти како и кај господинот Бик, со модификација што таа може да биде потолерантна во смисол на сексуална апсиненција, но само под услов ако е задоволен, материјалниот момент, т.е. ако се задоволени нејзините потреби и желби на овој план.
Оваа нејзина особина, постојано да се грижи и стравува за материјалниот момент може да ја наведе да влезе во брак од интерес. Поради својата исклучително силна волја, ваквиот брак може да функционира беспрекорно, но при ваков избор, нејзината виталност, која патем е меѓу најсилните во зодијакот, поради постојаното трошење на виталната енергија за стабилизација на нервниот систем, се намалува.
Во најдобрата варијанта, гопоѓата/госпоѓицата Бик е исклучително успешна, столб на домот и незаменлива потткрепа на својот партнер.

БЛИЗНАЦИ

Гопоѓата/гопоѓицата Близнаци е една од највеселите и најшармантните, за убавината и да не говориме, жени во зодијачкиот циркус, секогаш опкружена со многу личности, мажи секако, а нејзината површност и неспособност да се насочи кон една личност подолго време, е заради исклучителниот его порив на мажите, кои се утепуваат да го привлечат нејзиното внимание.
Во сексот, како и нејзиниот машки пандан, најважно и е освојувањето и заведувањето, бидејќи тоа е сепак состоба на умот и духот, додека самиот секс ќе биде адекватен на стимулацијата, исклучително ментална, а не физичка, на која ќе и се препуштат само ако се задоволени нејзините ментални пориви. Нејзините пак ментални гимнастики не е лесно да се задоволат, бидејќи тоа подразбира взаемна комуникација, разговор, а знакот на Близнаците е и знак на комуникацијата, говорот, па оттаму ако дојдете до збор, користете го среќниот миг.
Најголемиот проблем на госпоѓата/госпоѓицата Близнаци е што таа има тененденција да се лизне во моабетот кон озборување, а поради истото да заплетка многу нешта во својот живот.
Иако Близнаците според својата природа не се синоним за верност, ако го најдат вистинскиот партнер, знаат да бидат и верни и постојани.

РАК

Во природниот хороскоп знакот на Рак е симбол и манифестација на матката, односно опкружувањето кое го штити новиот живот. Ако оваа алегорија ја пренесеме на госпоѓата/госпоѓицата Рак, таа е една од најдобрите и најпожртвуваните мајки во целиот зодијачки хороскоп. Сака деца и децата ја сакаат неа, па тенденцијата да ги врзе и отповеќе за себе е огромна. Ова се случува поради постојаната тенденција да се биде на каква таква сцена и да се добива внимание насочено кон себе.
Ако заради некаква причина нема деца, или и е ускратена мајчинската еманација, таа станува лунатик кој живее во светот на сопствената мечта и може да стане голем проблем за своето семејство и нивен, а и за околината вистински енергетски вампир.
Гопоѓата/госпоѓицата Рак е најсреќна кога влегува во брак рано, има многу деца и може својот емотивен корпус да го сподели со своето семејство.Секако ги има сите одлики на нејзиниот машки пандан, па оваа жена која освен тоа има и голема физичка убавина, тешко е да ја одбиете, но е подеднакво тешко и да ја напуштите.
Ако пак е фрустрирана во чувствата и емоциите, се нафрла на храна и може за кратко време да не се препознае од дебелина и да стане неподнослива со своето постојано барање на внимание, кое го манифестира низ емоции од сите видови, а најчесто цимолење, жалење, офкање, кукање

ЛАВ

Се што е наведено за господинот Лав, се однесува и на госпоѓата/госпоѓицата Лав, со исклучок што некои карактеристики се дури и поинтензивни, како на пример гордоста и суетата, бидејќи таа многу повеќе од нејзиниот машки пандан полага на надворешниот изглед, на кој знае и многу да потроши и тоа прилично, бидејќи обожува накит и тоа најчесто оној врвниот.
Бидејќи и таа посакува се најдобро за себе, можни се и врски од интерес, но нејзината сончева природа најчесто тоа ќе го демантира, или со драматично раскинување (долгогодишна врска, веридба, па и брак) или ако остане во врската, секогаш ќе има и љубовник. Во нејзината сончева природа е да сака и да биде сакана како би ја сочувала својата психолошка рамнотежа.
Оваа жена го обожува конфорот, удобноста , па затоа иако има исклучително силен сексуален нагон, нема да прифати секс во автомобил или на некое скучено место.
Всушност најголемата слабост кај сите припадници од овој знак е скоро апсолутната неможност да се процени вистинскиот карактер на партнерот, бидејќи се заслепени од себеси и од својата величина и важност која си ја придаваат. Оттаму, посебно кај женскиот дел од знаков е нередок погрешен избор на партнерот, кој најчесто се избира само по изгледот и физичката убавина.

ДЕВИЦА

За разлика од својот машки претставник госпоѓата/госпоѓицата Девица е амбициозна жена која сака да им служи на другите, па оттаму најчести професии во кои го пронаоѓа својот ангажман се медицината, работите врзани за воспитувањето и социјалните професии и занимања.
Ова не е домаќински тип на жена и таа станува крајно фрустрирана ако нема опкружување кое го стимулира нејзиниот интелект. Што значи да имате фрустрирана Девица во домот, не сакате да знаете. Иако ги сака своите деца, нема да дозволи жртвување на други нејзини интереси поради нив.
Исклучително е креативна и по правило е неверојатно вешта со рацете, во секоја смисла на зборот.
Во сексот е рационална и на граница на вулгарниот конзервативизам, најчесто помеѓу дозволеното и забранетото кое сама го пропишува и почитува. Извонредно тешко се задоволува, бидејќи претходно и е потребна атмосфера, ментална стимулација и апсолутна хигиена кај партнерот. Се ова треба да се склопи, за да може комплетно да се опушти.
Критична кон себе и нешто повеќе кон другите, таа знае и да малтретира со своите критични забелешки и со својата педантност. Ова е знак од кој начесто има неспоредливо поголем број на немажени, во споредба со припадничките од другите знаци во хороскопот.

ВАГА

Никогаш повеќе заблуди како околу жената Вага која е иста како и нејзиниот машки пандан, со исти интереси и занимања и секако заинтересираност за машкиот пол.
Но, оваа естетизирана жена секогаш е погрешно разбрана и толкувана поради нејзината љубезност, најчесто од страна на машкиот пол и тоа посебно во херидитарно затуцани средини. Мажите едноставно не можат да одолеат на нејзиниот шарм и љубезност и подготвеност да се најде при рака и на услуга, што предизвикува стравични љубоморни реакции кај женскиот пол и ненормални емотивни акробации кај машкиот.
Оваа жена ја викаат и госпоѓа компликација, поради постојаните случувања кои и го комплицираат и нејзиниот и животот на другите луѓе.
Но, во момент кога го подарува своето срце, оваа жена е посветена на својот сопруг , па како мајчинскиот инстикт не и е баш многу изразен, дури и децата мораат да се задоволат со споредна улога.
За разлика од нејзиниот машки пандан Госпоѓата/госпоѓицата Терезија е верна, многу повеќе од нејзиниот астролошки брат, но нејзиното евентуално неверство не подразбира прекинување на врската, или приказната на брачната заедница

СКОРПИЈА

Исклучително специфична и моќна жена, која за жал поради својата моќ, најчесто е и нејзин роб. Извонредно принципиелна, таа тешко ги простува слабостите кај другите и најчесто е врзана, како впрочем и сите силни и моќни битија, за слабаци, кои пак во неа можат да го пробудат само најлошото.
Но, и покрај очигледното, таа поради лојалноста и верувањето дека е подобро да си со некого, оттколку со никого, ќе остане во врска до задниот атом на снагата.
Иако е строга и критична, најчесто болно вистинита во своите искази и не така исклучива во изборот како нејзниот астролошки брат, ова е исклучително страствена, сензуална жена, подготвена за многу љубов.
Овие свои квалитети сепак ќе ги подари само на финалниот избраник, кој можеби ќе има и таква среќа да ја види и нејзината понежна и посуптилна страна
Одлична мајка, која многу очекува од своите деца и кои поради тоа не можат да се пофалат со безгрижно детство.
Најголемиот проблем е сепак нејзината љубомора која може да пламне и за најмал повод. Од нејзиниот партнер се очекуваат постојани и перманентни докази на неговата љубов кон неа.

СТРЕЛЕЦ

Госпоѓата/госпоѓицата Стрелец е адекватно форматирана како нејзиниот машки пандан, со низа особености кои произлегуваат од полот. Со децата на пример, таа е повеќе другарка, или нивна постара сестра, оттколку мајка, а бидејќи е отворена за се, може да се види и со своите деца во некоја дискотека, или на некоја забава, журка.
Но, и таа ја цени својата слобода повеќе од се, а адекватно на тоа и вистината. Разликата е само во кажувањето на вистината. Кога ќе забележи дека вистината која ја кажува некому, на истиот му ја меси и гмечи суетата, ја врти работата на шега и смеа и во таков манир ја изгладува ситруацијата.
Најчесто лошо, или погрешно толкувана поради својата отвореност, непосредност и пријателство која другите ја мешаат со љубовна понуда, таа е сепак магнетски привлечна за мажите , кои во зависност од своето воспитување и програми од родителите, набргу разбираат дека оваа жена е недофатлива, барем дури тоа самата не го одлучи, а тоа го одлучува доста тешко.
Мрази љубомора и постојан надзор, а во такви услови може да изневери и око да не и трепне.

ЈАРЕЦ

Госпоѓата/госпоѓицата Јарец се одликува пред се по убаво наместените коски, бидејќи нејзиниот знак владее со нив на физички план. Оттаму бисерите меѓу најубавите жени се токму од знакот на Јарецот.
Убавината е малку ледена, па и тоа е магнет за мажите и нивните мачо пориви. Секако, под таа надворешна манифестација се крие исклучително чувствителна жена која знае многу да сака, но тоа сакање го манифестира единствено во бракот. Ова вреди да се знае, бидејќи во сигурноста на брачната заедница оваа жена се препородува, иако во врска може и да не изгледа така.
И неа ја носи амбицијата и таа тежи да ја оствари по секоја цена. Бидејќи ја цени, како сопствената, така и амбицијата на другите, може да се вмеша во туѓ приватен живот, единствено со намера некој да просперира.
Не поднесува тромавост, неамбициозност, мрзеливост и знае да биде ислучително сурова кон споменатите, па дури и да се во прашање и најблиските.

ВОДОЛИЈА

Таа е како битие од друга планета, и колку што привлекува толку и ги плаши мажите кои не знаат на што се. Иако може да поседува многу атрактивни женски атрибути, оваа жена не се обидува да ги истакне, или да манипулира со нив.
Најчесто не се женира да ги посочи убавите нешта кај мажите , но и оние лошите, па од омилена, во миг може да стане и најомразена, посебно кај суетните припадници на посилниот пол.
Оваа жена, исто така, нема баш некој изразен сексуален апетит, иако може да биде многу поактивна од својот астролошки брат.
Не брза за дефинитивно врзување, а нискофреквентните чувства, како љубомората и поседништвото, може моментално да ја натераат да растури, не само врска, туку и брачна заедница. Истото може да се случи и ако партнерот инсистира на нејзина традицинална улога на домаќинка, за која улога ниту е подготвена, а и ниту пак сака да биде подготвена, бидејќи ја преокупиораат сосем други нешта, како впрочем и нејзиниот машки пандан.
За жал една од најголемите нејзини маани е обидот да го менува својот партнер, и покрај неоспорниот факт дека кај него, како по правило, има многу за менување.

РИБИ

Бидејќи се она што кај нејзиниот машки пандан се третира како слабост, а кај неа претставува предност, Госпоѓата/госпоѓицата Риби е една од најпривлечните жени во зодијачкиот цирцус,
Нејзината таинственост е лепак за мажите, а недокучивоста. неодлучноста, колебливоста и неможноста да се изјасни до крај за ништо, т.е. сето она што кај машкиот претставник на Риби е слабост, кај госпоѓата/госпоѓицата Риби е нешто кое кај мажите буди заштитнички однос кон неа, иако интуитивно знаат дека таа подобро од својот машки пандан умее да се грижи сама за себе.
Како и машките претставници на знакот, во зависнот од улогата со која се идентификува, може да биде многу успешна во бизнисот, или друга јавна професија.
Тешко дека ќе најдете поженствена личност од гопоѓата/госпоѓицата Риби, која е таква од глава до петици и тоа дваесет и четри часа без престанок.
Поради вродената плашливост и несигурност, таа бара силен маж кој ќе ги почитува нејзините мечтаења, кои пак таа ги пренесува и во креветот, под услов да е релаксирана и опуштена. Нејзините пак, чести испади на љубомора ќе го натераат партнерот да се мрази себеси и без постоење на основана причина.
Од домаќинлукот и таквите обврски, нема да има ниту трага ниту глас, а секакво инсистирање во тој домен предизвикува можност за нејзино брзо напушање на домашаната оаза во непознат правец, можеби и засекогаш.
Но, секоја чест за нејзината посветеност како мајка која на своите деца им ги кажува најубавите приказни на светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag