Што сакаат мажите според хороскопскиот знак?

popara21 декември, 20141min00
10

ОВЕН

Импулсивен според својата астролошка природа, обременета и со постојаното “јас-па-јас”, господинот Овен може да се бара себеси на љубовен план, побааги години, а тоа може да потрае и до неговата четириесетта, не одбегнувајќи притоа можни трауматични врски, па и брачни заедници.
Импулсивноста се манифестира во ненадејни вљубувања, но и раскинувања. Подготвен е за крај, дури и во такви моменти во кои некој потолерантен знак и не би “видел” добра причина за раскинување.
Но да се разбереме, љубовта и пријателството му се многу важни и значајни во неговиот живот и тој своите наклонетости ги манифестира отворено, топло, многу повеќе од било кој друг знак во зодијачкиот циркус. Сепак, освојувањето му е поважно од градењето чувства, па така во својот живот доста време ќе ги трпи последиците од врски кои ги создал непромислено и на брзина, но и од непоседувањето на атрибутот лојалност во некакви големи количества.
Вонбрачни авантури прилично чести. Потребни се многу енергија и интроспекција како би ја исконтролирал својата страст, жестина и прилично голема неспособност да дава, но и да прима.

БИК

Нема понастојчив додворувач во целиот зодијачки циркус од господинот Бик. Тој вообичаено не се поколебува, не “паѓа” на игнорирање и мора навистина јасно и недвосмислено да му се даде до знаење дека не сте заинтересирани за него и дека во прашање е друго машко. Поразот ќе го прими филозофски, бидејќи неговото его и суета никогаш не му пречат, посебно не во “освојувањето” на женската наклонетост. Вообичаено, среќниот исход во освојувањето го крунисува со брак, па ако посакувате човек кој постојано сака да е со вас дома, да е лојален, сигурен и постојан, притоа со голема толеранција, од господинот Бик, подобар, тешко дека ќе најдете.
Проблемот кај него е во тоа што е зависен од секс, и што во неговата агенда на приоритети во животот, сексот најчесто е меѓу првите три точки, веднаш по втората, после храната.
Ова може да ви изгледа забавно дури се чита, но таа расположеност и подготвеност за секс во секое време, набргу може да стане ноќна мора за неговата партнерка. Ако таа не одговори на неговиот незаситен, но едноличен и немотивирачки апетит, тој ќе најде алтернатива, притоа со јасна идеја дека се работи ислучиво за секс, бидејќи бракот го третира како посед, па како поседник, каков што е, никогаш нема да го ризикува своето богатство.
Ако пак сепак со партнерката се најдат на иста бранова должина по ова прашање, таа ќе има крај себе еден толерантен, спокоен, сигурен и во најтешки времиња човек, кој ќе ги толерира сите нејзини маани.

БЛИЗНАЦИ

Меркур владее со господинот Близнаци, а тоа е знак дека кај него интелектуалните интереси се над физичките, па тој подвижен и сестран ум тешко може да се задржи подолго време на едно место, или интерес. Господинот Близнаци најчесто и љубовта ја доживува на ментален план, па дури оттпосле, на чувствен.

Тој посакува жена која најпрво ќе ги сподели со него неговите духовни и интелектуални интереси, бидејќи за него домаќинството е непотребна гњаважа и малтретирање. Таа ќе мора да се привикне, или навикне на неговото интересирање за другите, и другите жени секако, но и да не го разбира тоа претерано сериозно.

Овој човек не е подготвен да издржува притисоци, па поради тоа мора да има многу толерантна и духовно силна партнерка. Во оваа смисла, тој не може да поднесе постојано прпкање и нема да се двоуми дури и да ја растури брачната заедница поради тоа, или поради некој друг вид постојан притисок.

Бидејќи во суштина е несериозен, пристапот му е таков и кон сите нешта, иако надворешно може да остава впечаток на драматично заинтересиран и непоколеблив човек.

Пониските типови го користат својот силен ум и интелект за манипулација, па бројот на унесреќени женски личности зад него може да е прилично голем.

РАК

Него го бие глас дека е трпелив и упорен, но ако нешто земе во рацете, не го испушта така лесно, понекогаш и на сметка на раката и нејзиното губење. Оваа особоеност е најчесто моќно победничко оружје, посебно во љубовниот живот, каде упорноста и трпението се особини на цена кај спротивниот пол.
Тој е роден драматичар и ако сакате некој да ви го драматизира животот, тој е иделна личност за тоа. Секое чувство го распознава во неговите најситни валери, и може да го засили, до невидени граници.
Има најдобра меморија во однос на сите зодијачки знаци. Памети се и ништо не заборава. Бидејќи е зависен од емоциите, се држи до семејството се додека не формира свое, а и потоа најчесто ја негува врската со едниот родител, најчесто со мајката.
Господинот Рак е нежен, но и амбициозен, својата кариера ја гради темелно и никогаш не делува како сериозен противник, или закана, па женскиот свет се чувствува опуштено во негова близина, при што неговата тивка амбиција делува перспективно за претставничките на спротивниот пол.
Поентата е во тоа што еднаш “закачена” од господинот Рак, “таа” никогаш лесно нема да се откаже од избраникот на своето срце. За истото, “тој” може и да се жртвува до невидени граници, па дури да го даде и својот живот.

ЛАВ

Овој маж не може да остане незабележан, посебно не од женскиот свет, бидејќи се препознава по топлината, радоста, отвореноста и харизмата која ја шири, како и по обожувањето на се што е убаво и префинето, кое притоа не го крие, па оттаму и на жените, кои тоа интуитивно го препознаваат и му се наклонети.
Господинот Лав е исклучително чувствителен човек кој својата чувствителност ја задскрива зад неверојатната ароганција со која не дозволува да биде повреден.
Бидејќи е суетен, господинот лав смета дека со своите чувства може да смени било која жена, па оттаму има и многу непромислени врски. Но, ако племенитоста која природно ја поседува, надвладее, што е најчест случај, овој човек знае да простува, па поради таа своја особеност, многу неверојатно непосакувани и комплицирани емотивни ситуации на интимен план знае да ги преврти во своја корист. Знае да биде верен, но не претерано.
Бидејќи посакува се најдобро за себе, во животот, напорно ќе се труди тоа и да го има, обезбедувајќи солидна економска база, а изборот на неговото срце, секогаш ќе има и повеќе од тоа. Има голема потреба од ласкање и пофалби, па умна жена најчесто лесно го манипулира користејќи го токму тоа.

ДЕВИЦА

Ова е специфичен господин со неверојатно силен рацио и ментални способности, но и интуитивнни особености. Девица е шестиот знак во хороскопот и нејзиното значење е служење, во било каков вид и облик, па поради таа своја одлика најчесто господинот Девица работи за други и другите земаат признанија за неговата работа.
Тој е штедлив со своите ресурси, па живее скромно и штедливо, и не е баш лесно да му се освои срцето. За тоа е потребно многу труд и трпение, а освен тоа резултатот може да биде доста проблематичен, бидејќи од својата изабраничка го бара истиот стил на однесување како што е и неговиот.
Господинот Девица го интересираат интелектуално силни и стимулативни жени, но не и женки, бидејќи на листата на приоритетите, сексот не му е во врвните пет места.
Не патат баш премногу по деца и родителството го остваруваат прилично рационално, без претерувања во нежности.
Неговото најсилно оружје не е во искажувањето на чувствата, туку во покажувањето и тоа низ секојдневни ситни вниманија и грижа за својата партнерка, особини со кои малку од хороскопските знаци можат да се пофалат. Ова се карактерни особини кои на женскиот свет им влева сигурност, и го прави припадникот на знакот атрактивен.

ВАГА

Човек кој оди со шарм и насмевка која посакува да ја има секој со кого доаѓа во допир. Не крие дека го воодушевува се што е убаво, складно
естетизирано, чисто, хармонично. Секако, повеќето од синонимите може да ги понесе само жената, па тој и не го крие своето одушевување од нив, на ужас на својата конзервативна партнерка.
Но освен тоа, тој исклучително ја цени искреноста, чесноста, а од нечистотијата, хаосот и хистеријата бега како ѓавол од крстот. Како убавото и чесното ретко кога одат рака под рака, опасноста да влезе во брачна врска со првата убава жена е голема, па таквиот избор може скапо да го плаќа со години.
Господинот Вага, пред се и над се ја цени љубовта, иако реално говорејќи никогаш не достасува до висините кои ги достасуваат поедини знаци. Ретко кога тој ќе ја изгуби главата во страст, иако е подготвен и за неа.
Искрено говорејќи, господинот Вага во сексот е подобар како љубовник оттколку како сопруг, од причина што е во полна сила и будност кога освојува.
Партнерката на овој човек постојано мора да е на штрек, секојдневно стокмена и дотерана, и суптилно да внимава на погледите на својот партнер кои се упатени кон поубавиот пол.

СКОРПИЈА

Господинот Скорпија е познат по својата проникливост и моќ на интуитивна перцептивност, па е речиси непогрешлив во донесувањето на просудбата за други. Како таков, тој веднаш може да процени и да знае дали некоја личност од спротивниот пол, ќе му биде сопруга или не.
Поради ова, прилично му е тешко да најде адекватна партнерка, не дека нема чувства, напротив ги има колку сите знаци заедно, туку поради неговите исклучително крути и непроменливи ставови околу верноста и лојалноста. Најчесто не се придржува до овие свои начела, но од другите сепак бара нешто повеќе.
Иако има моменти кога би сакал да ги искаже своите чувства, оваа сизифова работа и напор начјесто не вродуваат со плод. Со други зборови, господинот Скорпија има постојани проблеми во искажувањето на своите чувства кои се со толку валери и нијанси, што е и практично невозможно да се искажат. Тој најчесто ги покажува своите чувства и наклоноста со гестови, внимание, услуги.
Во љубовта најчесто е ислучив, бидејќи знае да љуби интензивно, силно, на моменти застрашувачки, посебно за дамите од астролошките средини кои не се премногу емотивни.
Неверството не го простува, освен на зборови, но тој лично знае и да се заборави на оваа.

СТРЕЛЕЦ

Овој тип не можете да го видите осамен и тоа е вистинска реткост. Секогаш насмеан и непоколеблив оптимист, секогаш интересен за другите, особено за спротивниот пол. Неговата партнерка мора да е исто толку убава колку и паметна и единствено таквата комбинација и може да го врзе постојано за неа, инаку знае да одлута, па и да не се врати.
Втората особеност на овој тип на мажи е неговиот порив по слободата, па на брак се одлучува тешко, или никако. Подваријантата на видот на остварување релации со спротивниот пол се многу тајни врски со жени кои не можат да ја загрозат неговата слобода. Значи со зафатени, или жени во брак. Спортска активност од која тешко се ослободува.
Трета особеност на овој тип е неговата болна искреност и потрага по вистината. Најчесто и без да е повикан, ги кажува работите онакви какви што се, а тоа е најчесто болно за другите.
Ова се пренесува и во неговите љубовни врски. Спокојното раскажување за минатите љубови и сакања со акцент дека веројатно и иднината ќе му донесе слични искуства, не е баш најдобра музика за поортодоксна и традиционално воспитана жена.
Но, кога ќе ја најде вистинската, што подразбира таа постојано да го брка од дома, а тој постојано да е во него,станува нежен и толерантен сопруг и попустлив татко.

ЈАРЕЦ

Ова е многу коплексна личност која своите маани со текот на времето ги претвара во предности, и за разлика од сите други, овој тип на маж како да добива на свежина во процесот на стареењето. Тој е сериозен, прецизен и егзактен, неверојатен планер и мрази ризик.
Секако дека е заинтересиран за спротивниот пол и привлекува многу жени, посебно оние кои бараат заштита и сигурност.
Освен за својата врска, тој е заинтересиран и воопшто за сите односи, па така ниту еден друг знак освен јарецот, не се труди и обидува да закрпи распарани пријателства и односи, или да ги смири двојките кои се скарани.
Интересно е дека во младоста господинот Јарец може да се манифестира како вистински дон @уан, но со годините станува моногамен, и заинтересиран само за една личност, која може да ја чека и цел живот, дури по цена и да не ја најде.
Бара жена која е весела, динамична, која ќе ги разбере неговите амбиции, бидејќи тој ќе сака да ги сподели со неа како заднички.
Извореден домаќин, на сите познати и блиски им ги памети
значајните датуми во животот и сака да ги изненади по тој повод.

ВОДОЛИЈА

Водолеецот е тип на човек кој е насочен и посветен кон другите и е во постојано учење. Не се колеба да каже дека некое мислење кое порано го застапувал е погрешно и секогаш е спремен на корекции и ревизии. Повеќе е набљудувач од страна, оттколку активен актер во средиштето на случувањата
Во љубовта овој човек најпрво ќе побара пријателство, па дури отпосле љубовница, бидејќи сексот не е во првите пет приоритети во неговиот живот. Оттаму, активно сексуална жена со големи сексуални апетити нема да биде негов животен избор. Нему му е повеќе потребна ментална, отколку физичка стимулација, и секако посакува заедничко мечтаење за чудни работи.
Неговата избраничка мора да ги дели неговите интересирања, инаку ќе биде прилично осамена, бидејќи тој е секогаш со некого, некаде, решава, помага. @ената која одлучува во такви моменти да остане дома, најчесто е на добар пат да го загуби
По правило има блиски односи со своите деца, бидејќи и самиот манифестира чистота на детскиот ум, кој пак децата многу бргу го откриваат и го прифаќаат.

РИБИ

Ова е можеби еден од најмистичните и најтешките машки суштества во зодијачкиот циркус. Најпрво, амбицијата е доста далеку од поголемиот дел на припадниците на овој знак, иако тоа не изгледа така. Овој маж кој е тежок за дефинирање, своите чувства ги крие, па според тоа е одличен глумец кој може да ја игра улогата на се и секој, па така и на успешен деловен човек и тоа да биде и реално и вистинито, иако за него нема особен значај.
Неговата избраничка има многу тешка задача. Најпрво мора многу да го сака, што и не е така тешко. Но затоа, мора да биде исклучително силна и моќна, бидејќи нему му е потребен ослонец на кој би се потпрел, позиција од која би напредувал. Неговата партнерка мора да е толерантна и со полно разбирање за неговата неамбизиозност, недоговорност и несериозност, мора да е романтична кога и тој е романтичен и мора да ги почитува неговите повремени меланхолични повлекувања во сопствените светови, во кои за неа може и да нема место.
И во сексот неговите апетити се во директна врска со неговите променливи расположебнија, кои ги менува, не од ден на ден, туку од час во час.
Како татко е обожуван од своите деца , бидејќи најчесто им ги простува глупостите, а неретко и самиот учествува во нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma