Се обеси заменик директорот од школото на потонатиот брод во Јужна Кореја!

popara19 април, 20141min00
south-korea-ferry-685x320

Телото на 52-годишниот Канг Мин Киу било пронајдено во близина на спортската сала каде што се собрани блиските и семејствата на жртвите и 268-те исчезнати лица во близина на островот Чеџудо.

„Причината за смртта на Канг допрва треба да биде утврдена”, соопшти полицијата. Јужнокорејската новинска агенција Yonhap пишува дека телото било пронајдено обесено на дрво, што најверојатно посочува на самоубиство.

Овој училиштен службеник е еден од 179-те лица кои беа спасени во бродоломот кој се случи во средата наутро во водите пред јужниот брег на Јужна Кореја.

На траектот „Севол” имало вкупно 475 лица, од кои 325 ученици од гимназијата „Данвон” во Анасан, јужно од Сеул. Учениците патувале на излет на островот Чеџудо, позната туристичка дестинација што ја викаат „јужнокорејски Хаваи”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag