Постојат многу скапи и ефтини препарати против првут. Некои од нив се повеќе или помалку ефикасни, но сите тие се производ на хемиската индустрија, односно воопшто не се природни. Од таа причина ви презентираме неколку природни начини со кои можете да го решите проблемот со првутот.
Лимон – Потребно е да се измеша лимон со топло кокосово масло и да се нанесе на косата. Треба да се масира од 10 до 15 минути и да се остави да делува 30 минути. Пожелно е да се измие косата со благ шампон.
Јогурт – Се препорачува да се измеша јогурт со сок од лимон. Да се нанесе на косата и да се остави 45 минути. Потоа треба да се измие косата со ладна вода и со благ шампон. Јогуртот ја чисти кожата и го отстранува првутот, а сокот од лимон мртвите клетки од кожата. Оваа домашна маска ја омекнува косата и ја прави полесна за одржување.
Листови и цветови од хибискус – Цвеќињата и листовите од хибискус се добри за косата. Може да се користи како маска против првут или за зголемување на растот на косата. Потребно е да се сварат цвеќиња или листови од хибискус во вода и да се остават да се оладат. Треба да се извадат листовите и од нив да се направи тесто. Потоа да се додаде млако кокосово масло и да се масира косата со него 45 минути пред миење на косата. Оваа маска го третира првутот, ја чисти кожата и го зголемува растот на косата.