Како да ја пронајдете и привлечете вашата сродна душа?

popara21 април, 20141min00
5

Секогаш на почетокот на врската цветаат рози, но како што тече врската се по сигурни сте дека сте го направиле лошиот избор. Доколку по ваквата врска се прашувате како да го привлечете “вистинскиот”, ова се неколку совети за остварување на вашата желба.

1. Смисла за хумор

Секој маж сака девојка која има смисла за хумор. Смејте се и покажете дека умеете како да се шегувате. Впрочем, напнатите ситуации “зачинете” ги со некоја шега и вообичаените негодувања околу ситници ќе ги решите без проблем.

2. Водете сметка за вас самите

Не се занемарувајте самите себе си. Водете сметка за себе, бидејќи на овој начин ќе бидете позадоволни, а во исто време, ќе му бидете попривлечни на вашиот партнер. Секако не треба да се оди во крајности, не треба да мислите себично само на вашите потреби.

3. Бидете независни

Во ред е да градите заеднички пријатели, но доколку излегувате само со неговите пријатели, тогаш тоа е алармирачки знак. Од време на време посветете го денот на вас и на вашите пријатели. На овој начин си давате слободно време и ја разбивате монотонијата во вашата врска.

4. Доверба

За успешна врска потребно е меѓусебна доверба. Врската исполнете со љубомора и контролирање не е здрава и со сигурност не води кон стабилна и заедничка иднина. Доколку не можете да му верувате на партнерот или пак тој на вас, тогаш тој сигурно не е мажот за вас.

5. Заљубеноста не е љубов
Почетокот на секоја врска е одличен, но како врската напредува така и односите се комплицираат, проблемите се зголемуваат, а доколку заљубеноста не стане љубов, тогаш ќе премине во омраза. Најдобар начин да ја тестирате вашата љубов е да живеете со вашиот партнер, да го запознаете во секаква ситуација.
6. Ум

Барајте партнер кој има слични интереси како вашите, или барем некој кој размислува на ист начин. Само на овој начин ќе можете да имате здрава и отворена комуникација која е предуслов за долга и успешна врска.

7. Бидете мистични

Не се мисли дека треба да ја прикривате вистината или некого да намамите со измислени приказни. Едноставно не откривајте се, не мора веднаш да се отворите како книга. Мажите сакаат кога малку по малку истражуваат и дознаваат нешто ново за вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag