Пенелопе Круз во новиот Џејмс Бонд!

popara23 април, 20141min00
penelopecruz_JLP_625

 Пенелопе Круз ќе се придружи во екипата на новото 24-то продолжение на популарните филмови на Џејмс Бонд, чие снимање би требало да започне ова лето. Според пишувањето на француското списание “Премиер”, ѕвездата на филмот “Volver” моментално преговара за последните детали од договорот.

Главната улога повторно ќе ја игра Даниел Крег, а сега веќе се знае дека во филмот ќе играат Рејф Фајнс (M) и Наоми Харис (Манипени), а најверојатно и Чиветел Еџиофор, јунакот на Оскаровата наградена драма “12 години ропство”, кој би требало да се појави во улога на негативец.

Улогата на Бонд девојката не е безначајна – ја посакуваат како почетнички, така и глумици со долг стаж, од кои обично се бара да играат “фатална жена”. Продуцентите веројатно сметаат дека една така улога после Ив Грин, Беренис Марло и Олга Куриленко, совршено и припаѓа на Пенелопе Круз.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma