Британецот Престон Флорес (7) кој се наоѓа во болница од петокот кога негови врсници го потуриле со бензин и го запалиле, починал синоќа од тешките повреди со кои се здобил. Момчето имало тешки изгореници кои покривале повеќе од 80% од неговото мало тело, а се верува дека повод за ужасната несреќа била морбидна и невкусна шега од страна на останатите деца.
Престон ни беше се на светот, ќе го сакаме засекогаш. Ќе ни недостасува секој миг се додека сме живи – изјавиле несреќните родители.
Според сведоците детето играло со другарчињата во близина на својата куќа, а едно дете носело метален канистер. Во еден момент се зачуло вриштење и комшиите го виделе Престон како трча и бара помош поради пламенот кој целосно го зафатил, од вратот до нозете.