Крајот на врската е емотивно тежок за сите, но секој хороскопски знак различно се справува со ова. Кој е посилен, а кој е емоционално понестабилен?
Овен (21 март-20 април)
Овој знак пати многу подолго отколку што покажува. На прв поглед се чини како крајот воопшто да не влијаел врз нив, но всушност, тие патат бесконечно многу. Се повлекуваат во себе и ретко покажуваат како навистина се чувствуваат.
Како преболуваат:Кога ќе помине драмата, храбро одат во нови победи.
Бик (21 април-20 мај)
Ја ценат удобноста и мирот, ја сакаат долгата врска. Добро ќе размислат пред да стават крај на врската. Доколку постои и најмала ситница која може да ја одржи врската во живот, тогаш со сигурност ќе направат се за да го продолжат односот со партнерот.
Како преболуваат: Бргу влегуваат во друга врска.
Близнаци (21 мај-20 јуни)
Од сите хороскопски знаци, Близнаците најлесно се справуваат со раскинувањето. Тие поседуваат способност бргу да заздрават и да заборават на лошите работи кои им се случувале.
Како преболуваат: Многу бргу по раскинувањето, тие ќе пронајдат нова симпатија.
Рак (21 јуни-20 јули)
Жали и тагува за раскинувањето долго. Кога доаѓа крај на нивната врска, за нив тоа е еквивалентно на распаѓањето на светот.
Како преболуваат: Она што му ја олеснува тагата и страдањето е нова симпатија. Никогаш не опростува изневерување.
Лав (21 јули-20 август)
Тешко ги искажува и покажува своите чувства, па затоа никогаш нема да покаже колку е повреден. Тоа за нив претставува понижување. Доколку осетат дека крајот е близу, тие ќе бидат оние кои ќе го иницираат, поради стравот да не бидат оставени.
Како преболуваат: Ќе бидат добро тогаш кога ќе ја нахранат својата суета.
Девица (21 август-20 септември)
Не се премногу емотивни, но премногу се приврзуваат за луѓето, па токму тоа е причина за нивното тешко поднесување на крајот. Раскинувањето Девиците го сфаќаат како личен неуспех.
Како преболуваат: Рутината е таа која ги враќа во живот.
Вага (21 септември-20 октомври)
Тие ја сакаат хармонијата, па доколку осетат дека нешто не е во ред во врската, самите ќе ја прекинат истата. Сакаат да уживаат и ќе бидат во однос со партнерот се додека тој им преставува извор на уживање.
Како преболуваат: Флертуваат и кокетираат. Тоа е она што ги враќа на вистинскиот пат.
Шкорпија (21 октомври-20 ноември)
Многу тешко го прифаќаат крајот. Никогаш себе нема да се обвинат, но ќе ги мачи фактот што навреме не ги решиле проблемите и што дозволиле односот со партнерот да се наруши.
Како преболуваат: Ги прикриваат своите чувства, а патат ужасно многу во себе.
Стрелец (21 ноември-20 декември)
Стрелецот лесно ги доживува раскинувањата, иако на прв поглед тоа не изгледа така. Тој е себичен и мисли само на својата среќа.
Како преболуваат: Бидејќи се егоцентрични, доколку биле оставени ќе направат се да ја обноват врската. А доколку тие ставиле крај, нема да погледнат назад.
Јарец (21 декември-20 јануари)
Срамежливи се и многу тешко го пронаоѓаат партнерот, па затоа многу тешко нивната врска прекинува. Но, доколку тоа се случи, својата тага не ја делат со никого.
Како преболуваат: Се осамуваат и почнуваат да размислуваат за се. По некое време ќе бидат спремни за нови животни предизвици.
Водолија (21 јануари-20 февруари)
Прекинувањето ги наведува на долга анализа на пропаднатата врска. Но, ја прифаќаат дел од вината. Водолијата е премногу тешко да се заборави, па не се баш склони кон простување.
Како преболуваат: За нив, времето ги лечи сите рани.
Риба (21 февруари-20 март)
По раскинувањето кај Рибите следи долг период на прифаќање на новата ситуација и соочувањето дека биле напуштени. Потоа следи долг период на плачење и жалење во друштво со сродни души кои им нудат рамо за плачење.
Како преболуваат: Со пријателите поминуваат часови и часови зборувајќи за изгубената љубов.