Во Австралија пронајдени делови од исчезнатиот авион!

popara23 април, 20141min00
avion-avstralija-01

Австралиската полиција го осигурила материјалот кој бил пронајден на 10 километри источно од градот Аугуста во западна Австралија, било наведено во соопштението на координацискиот центар. Извештајот за пронајдениот материјал, чиј опис се’ уште не е објавен, претставува прв траг по 4. април, кога властите откриле сигнал кој можеби го емитувала Црната кутија од исчезнатиот авион.

Потсетуваме, утрово Австралија порачала дека нема да се откаже од потрагата по авионот на Malaysia Airlines и покрај тоа што повеќе од 7 недели нема никакви траги од леталото кое исчезнало на 8. март со 239 патници.

Лошите временски услови денес ги приземјиле авионите кои учествуваат во потрагата, додека 12 бродови се’ уште се на терен. Американскиот робот е при крај со пребарувањето на подрачјето за кое се верувало дека ја крие црната кутија од исчезнатиот авион.

Австралискиот премиер Тони Абот изјавил дека стратегијата на потрагата ќе мора да се менува доколку истата не помогне во пронаоѓање на остатоците од леталото.

“Ќе мора да бараме одговори и нема да се откажеме додека не ја решиме оваа мистерија”.

“Единствен начин на кој можеме да дојдеме до одговорите е доколку го пребараме целото подрачје колку што дозволува човечката досетливост”, додал Абот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma