Актерката со кениско потекло Лупита Њонго (31) се најде на прво место на листата на најубави жени во популарното списание People.
Иако оваа година освои Оскар за најдобра споредна улога во драмата “12 години ропство“ и потпиша договор со компанијата Ланком, оваа убавица не ни сонувала дека ќе ја освои титулата.
Тоа е голем комплимент за мене. Иако мајка ми кога бев мала ми велеше дека сум убава, мислам дека дури сега конечно поверував – изјавила актерката.