Прва помош при проблеми со синусите

popara25 април, 20141min00
21

Ако пролетта ви донесе покрај убаво време и проблеми со синусите, затнат нос, не морате веднаш да посегнете по лековите за алергија, пробајте да си олесните на следниот начин…

Испирајте ги носните шуплини два пати на ден за да го исперете поленот и другите алергени. Самите направете солен раствор така што ќе растворите 1/4 кафена лажичка сол во една шоља со топла вода. Овој раствор ставете го во шприц или носен иригатор, било каков сад кој ќе ви овозможи да ја сипете течноста директно во носот. Растворот сипајте го прво во едната ноздрва, да ги исполни носните, синусните шуплини а потоа да излезе на другата. После овој третман лесно истресете го носот.
Внимателно направете го растворот, бидејќи никако не смеете да претерате со количината на сол бидејќи наместо да ви помогне, прејакиот раствор додатно може да ја иритира слузницата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *