Вистината за целулитот

popara25 април, 20141min00
23

Ви претставуваме шест митови за целулитот за да ги разјасниме недоразбирањата за овој проблем …

Целулитот – проблем кој ги мачи сите жени на светот! Проблемот за кое решавање се троши 750 милиони долари секоја година. Проблем кој апсолутно не остава никого рамнодушен!

Мит 1
Ако изгубите на тежина, ќе го изгубите целулитот. Губењето на тежина не е решение против целулитот. Кога ја губите тежината, се намалува притисокот на масното ткиво на сврзното ткиво и се намалува процентот на водата во телото, што може да помогне целулит да стане помалку видлив, но не го решава проблемот. Проблемот е уште поголем ако изгубите тежина со користење на различни диети зошто вашата тежина варира – уште еднаш штом се здебелите , вашето масно ткиво се проширува и стеснува , предизвикувајќи целулитот да изгледа полошо . Ако сакате да се ослободите од целулитот , придржувајте се на здрава исхрана и не држете диета!

Мит 2
Слабите луѓе немаат целулит. Ако ова беше вистина , Камерон Дијаз не би била на мета на папараците секој пат кога ќе оди на плажа. Целулитот е предизвикан од масното ткиво под кожата заради притисокот на сврзното ткиво и создава ефект на кора од портокал. Ќе имате или не целулит, зависи од многу фактори , а меѓу другото, зависи и од генетиката за да се утврди со колку масно ткиво сте родени и калку е дебела вашата кожа. Кај луѓето со потенка кожа, целулитот можеда бидеприсутен, но тој нема да биде толку видлив. Зголемената телесна тежина може да ја влоши ситуацијата во однос на перцепцијата , но тоа не значи дека слабите луѓе не се борат со овој проблем.

Мит 3
Со вежбање ќе се ослободите од целулит. Единствено со вежбање нема да го победите целулитот. Но вежбањето во комбинација со балансирана исхрана , секако, дека може да ви помогне. Најдобра комбинација е храна богата со калциум и потребни се сложени вежби кои ќе ви помогнат да се подобри циркулацијата и да се отстранат отровите од телото.
Мит 4
Избегнувањето на брза храна и многу вода ќе го реши проблемот. Откажувањето од брза храна, секако, нема да одмогне, но единствено со тоа нема да се реши целиот проблем. Исхраната мора да се состои од многу зеленчук, цели житарки, риба и зрнести храни и храна богата со калциум. Калциумот ја затегнува кожата и целулитот ќе биде помалку забележлив , како и заради хидратација, односно многу вода , но тоа нема да направи целулитотда исчезне.

Мит 5
Скапите третмани се чудотворни . Без разлика на тоа колку пари можете и мислите да потрошите нема да се ослободите од целулитот. Може да се намали неговата приметливост, но тој нема да исчезне. Освен тоа, третманите, како што е липосукцијата и ласерските терапии со себе носат голем број на ризици и несакани ефекти и не се препорачуваат, а тоа не смееме да го игнорираме.

Мит 6
Мажите немаат целулит. Сите имаат целулит, без оглед на полот . Фактот е дека кај машката популација е значително помалку присутен отколку кај жените , но тие можат да го имаат, и многу од нив го имаат. Околу 5% од мажитеи 90 % од жените имаат целулит. Жените се повеќе склони кон тоа, бидејќи по природа ние имаме многу повеќе масно ткиво и потенка кожа.