Венчавката – причина за прекин на пријателсвото со најдобрите другарки

popara29 април, 20141min00
1

Една нова британска студија вели дека дури 32% од венчаните жени прекинале да се дружат со барем една од своите деверуши. Многу од нив се караат околу изборот на фустанот кој треба да го носи деверушата. Други кажуваат дека причина е љубомората.
Да се биде деверуша изгледа е голем тест за пријателството. Истражувачите откриле дека секоја трета млада, после венчавката, прекинува контакт со барем една деверуша.
Тоа се случило и со Кели Лојд (30) од Ланкашир која ги полнела насловните страни со тепачката со нејзината идна деверуша, Катрин Ханафин. Тие двете летале во Шпанија на моминска вечер.
Катрин инцидентот го пријавила во полиција и кажала дека нема да присуствува на венчавката.
– Бев фина кон неа, кон нејзините сестри и сите пријатели а таа вака ми враќа. Венчавката е во мај, ама јас нема да одам. Нема шанси – рекла Катрин.
Таа изјавила дека нема појма што довело до тепачката, ама новата студија открива дека најчестите причини се љубомора, несигурност и финансиски проблеми кои се поврзани со најубавиот ден.
Според оваа анкета 73% признале дека се карале со деверушите, а 61% рекле дека тоа биле ситни караници кои брзо биле надминати.
Сепак, 32% признале дека недоразбирањата довеле до крај на нивното пријателство и прекинале секаков контакт.

НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА НЕСОГЛАСУВАЊА ПОМЕЃУ НЕВЕСТАТА И ДЕВЕРУШИТЕ׃

1) несогласување околу изборот на фустан за деверушите – 61%

2) Несогласување околу фризурите на деверушите 55%

3) Несогласување околу цветните аранжмани – 42%

4) Караници околу тоа дека деверушите ја истиснуваат невестата во втор план – 33%

5) караница помеѓу деверуши кои не се понесуваат меѓусебно – 29 %