Ќе дојде време кога спомените ќе ни бидат се што имаме…

popara17 август, 20151min00
11

Си беше еднаш едно момче коа многу ја сакаше својата девојка. Ова романтично момче и направи на својата девојка 1000 пеперутки од хартија. Во тие моменти тој само што се вработи во една компанија во која тргна од дното, но иако неговата иднина не изгледаше многу светла, тие беа многу среќни заедно. Се до денот кога девојка му кажа дека таа ќе се сели во Париз и нема никогаш да се врати. Исто така му  кажа дека не гледа иднина во која тие двајца се заедно, дека треба да тргнат по посебни патишта….со скршено срце момчето се сложи.

По извесно време, кога си ја поврати самодовербата се посвети на својот професионален живот. Работеше и дење и ноќе само за да постигне нешто во животот. Да успее. “Неуспехот доѓа кога ќе престанеш да се обидуваш”, беше неговото мото. И конечно со помош на своите пријатели и целиот негов труд му успеа да отвори своја компанија.

Еден врнежлив ден, возејќи низ градот, виде постар пар како пешачи на дождот делејќи еден чадор. Но и покрај чадорот тие беа покиснати од дождот. Не му требаше долго за да ги препознае, беа тоа родителите на неговата поранешна девојка. Со идеја да им покаже колку успеал во животот, тој полека им се приближи со автомобилот , за тие да ја приметат неговата скапа лимузина. Сакаше да им покаже дека повеќе не е истиот. Дека сега има се!

Но парот не го забележа тоа. Тие само тивко свртеа и влегоа во гробиштата. Тој излезе и ги следеше….и ја виде неа…фотографија на која таа слатко се смее…фотографија врежана на нејзината надгробна плоча…а до плочата шише со 1000 хартиени пеперутки во него. Парот го забележа. Тој им пријде и ги праша што се случило, како, кога? Тие низ солзи му објаснија дека девојката никогаш не заминала во Париз. Никогаш не го напуштила градот. Се разболела од рак. Него го излажала бидејќи верувала дека тој еден ќе успее, а таа само може да го кочи во животот.

Побарала од нејзините родители шишето со пеперутки да стои до неа, за ако еден ден судбината го донесе него тука, да си земе неколку пеперутки. Момчето се расплака…најлошиот начин да ти недостига некој е кога седиш до него но знаеш дека не можеш да го имаш, и дека никогаш повеќе нема да го видиш.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag