Најмногу гласови на предвремените парламентарни избори, кои вечра се одржаа во земјава, според 100 отсто обработени податоци од Државната изборна комисија, освои владејачката ВМРО ДПМНЕ-437.665, што претставува 39 отсто од вкупниот број на гласачи.
Најголемата опозициска партија СДСМ освои 367.876 гласови, односно 32,78 отсто од вкупниот број на гласачи.
Според ДИК, од регистрираните 1,828.335 на гласање излегле 1,158.459 гласачи, односно 63,36 отсто. Неважечки имало 32.067 ливчиња, додека важечки биле 1,126.392 ливчиња.
Извор: Нетпрес