Она што требало да биде забава само за најблиските пријатели се претворило во журка за илјадници тинејџери кои со помош на социјалните мрежи мошне брзо ја распространиле веста за добра забава во една вила каде сите се добродојдени…
Полицијата испратила 60 автомобили во вилата во Брамптон, Онтарио со цел да ја смират ситуацијата што настанала откако се појавиле над 2000 непоканети тинејџери на журката во вилата каде направиле штета од 70 000 долари.
Момчето им најавило на своите родители дека ќе направи мала журка во нивната нова вила која сеуште не била завршена. Неговата кобна грешка била во тоа што се пофалил за журката на Твитер.
Имаше илјадници луѓе пред куќата, некои се качуваа по ѕидовите и влегуваа од прозор кршејќи ги стаклата. Сите сакаа да влезат – изјавило 16 годишното момче.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ztZz8A3PSa0#t=13