Дела пајчињата ги нашла час-два откако и самата се породила. Преплавена со мајчински инстикт ги прибрала и ги чувала како свои.
Видовме како ги држи во уста и помисливме дека ќе ги изеде – вели Ронан, сопственикот на фармата. Но тогаш неговата сопруга Ема видела како мачката ги спушта пајчињата на слама и легнува нежно до нив. Во сламата лежеле и трите нејзини мачиња. Ги чувала како свои.
Кога сакале да ги префрлат на побезбедно место, виделе нешто уште почудно. Пајчињата цицале од мачката.
Боже, ова е лудо и единствено – рекол Роунан.
Експертите велат дека е возможно пајчињата да почнале да цицаат бидејќи инстиктивно сфатиле дека тоа е храна.
Неколку седмици подоцна, мачињата се сеуште мали, а пајчињата се веќе патки. Иако се независни, тие и понатаму се доста врзани за својата “мајка“.
httpv://www.youtube.com/watch?v=N783j3Rn8-U