Во доживувањето на светот околу нас боите играат важна улога. Психотерапевтите ни го откриваат значењето на боите и нивното влијание на нашето расположение.
Боите не ни го менуваат само расположението туку го одредуваат и начинот на кои ќе гледаме на другите луѓе. Боите кои ги носат луѓето во нашето окружување влијаат на тоа дали ќе ги доживееме како доминантни или како луѓе од доверба.
-Во Јапонија со белата боја се изразува жалост а кај нас оваа функција и е доделена на црната боја – велат психотерапевтите.
Значењето на боите е условено од културата, а како се менуваат културите со текот на времето, можеби наскоро сината боја ќе ја сметаме за најагресивна.
До тогаш, остануваме да уживаме во светот кој го обикуваат нашите перцепции и во кој боите прават вистинска авантура.
РОЗЕВА – ЕРОТИЧНОСТ
Истражувањето покажува дека 98,7 посто од затворениците после поминати 15 минути во розе ќелија се чувствувале послаби бидејќи бојата асоцира на женсвеност.
СИНА – СМИРУВАЊЕ
Судијата која го проучувала плацебо ефектот на боите, докажала дека пилулите со сина боја најдобро делуваат за смирување и опуштање.
НЕЖНО РОЗЕ
Светлите тонови на розевото асоцираат на женственост, а истражувањата потврдиле дека изложеноста на оваа боја може да ги смири нервите.
ПОРТОКАЛОВА – ЛУТИНА
Боја на слободоумните и чувствителни особи кои умеат да се контролираат. Но оваа нијанса може да поттикне лутина и бес
ТЕГЕТ – ТАГА
Најтемната нијанса на сино предизвикува тага. Ја сакаат луѓе кои тежнеат кон мир и сигурност, кои се затворени и срамежливи.
ЦРВЕНА – ВОЗБУДУВАЊЕ
Во црвената боја сме најпривлечни за спротивниот пол и ги возбудуваме луѓето, а во некои афрички земји црвената боја им делува како покана за секс.
ВИОЛЕТУВА – ДОМИНАЦИЈА
Ако се одлучите за оваа боја, ќе оставите впечаток на личност која сака да е во центарот на вниманието и да доминира во друштво.
ТЕМНО ПОРТОКАЛОВА – ПРЕДИЗВИКУВАЧКА
Во потемните тонови на порокалова им делуваме по предизвикувачки на другите. Оваа боја може да симболизира изневера но и сексуалност.