Го добивме и машкиот одговор на порно бруцошката од универзитетот Дјук.
Анонимен студент од универзитетот Колумбија на својот стидентски блог Колумбија Лав призна дека работи како жиголо. Уредниците го провериле неговиот идентитет и неговата ” кариера” и потврдија дека младиот човек навистина ја кажува вистината, но неговиот идентитет ќе остане тајна.
Со ескорт се занимава и неговата девојка , а тоа нему ни малку не му смета. Ова е само дел од неговиот текст…
” Јас доаѓам од семејство на ниската средна класа , традиционално католичко семејство кое има десет милиони деца. Без оглед на фактот дека ова е толку добро платено, не можам да очекувам моите мали братучеди да растат сонувајќи дека ќе успеат во ескортот. Но , ако можам да заработам 15.000 долари, и една недела во декември , да поминам на сончање во Тоскана , наместо мојот задник да мрзне во Њујорк – јас ќе го правам тоа додека сум сеуште доволно млад за такво нешто. Повеќето од моите средби не се толку гламурозни. Обично тоа се сведува на четири часа, за вечера и секс, а за тоа наплаќам $ 1200, плус трошоци за вечерата и хотелската соба.
Жените со кои обично ме поврзуваат се оние кои сакаат да имаат секс, но стануваат срамежливи и бараат светлото да остане изгасено. Тајната е да ги убедите да го остават светлато упалено, а потоа да им кажувате дека изгледаат одлично, дури и ако тоа не е вистина. Така ќе добиете големи напојници и редовни клиенти.
Постојат различни жени кои се подготвени и спремни да плаќаат илјадници долари за машко друштво . Јас рекламирам како “искуството со мојот дечко и мојата задача е да се создаде привид на романтична врска . Затоа, повеќето од моите клиенти се запоставени сопруги, разведени мајки и срамежливи жени кои имаат проблеми со конекција, иако постојат дефинитивно исклучоци. Од друга страна , многу од моите пријатели “нудат искуство со порно ѕвезда” и жените кои имаат тајни фетиши и очекуваат луд секс маратон.
Пред две недели , една жена ми плати да одам со неа на вечера и глумам дека сум нејзиниот нов дечко, за да биде помалку засрамена при средбата со поранешниот сопруг и неговата нова девојка. Пред вечерата поминавме еден час во размислување смислувајќи лажна историја на нашите односи. Тоа не е често барање, но, таа плаќаше, а јас не сум пребирлив. “