Пред Конгресот е презентиран историскиот закон со кој конечно би можело да се запре суровата пракса на користење заробени животни во циркуси .
Законот за заштита на егзотични миграциски видови ќе ја направи нелегална употребата на егзотични и диви животни во мал простор, кое исто така е многу стресно за нив и нивниот настап им предизвикува болка.
“Од она што го видовме на видео материјалите и фотографиите, е јасно дека патувачките циркуси не можат да ги обезбедат потребните услови за живеење на егзотичните животни. Се поголем број на докази за нехуман третман на овие животни и грижата на јавноста да се преиспита она што се прифатливи услови за живеење на овие интелигентни и социјални суштества “, вели предлагачот на законот , Џим Моран.
Се проценува дека само во САД во моментов има 300 диви животни во циркуси , а речиси половина страдаат од злоупотреба .
Со овој закон , САД ќе им се приклучат на другите земји во светот , околу триесетина, кои веќе презеле акција против страдањето на животните.