Брачниот пар на секој можен начин се обидел да го пронајде својот миленик, питбулот Реклес. Но, залудно. 18 месеци по неговото исчезнување, непосредно пред раѓањето на нивната ќерка, одлучиле да се помират дека тој никогаш нема да се врати.
Одлучиле да одат во здружението за превенција за грубо однесување со животните во Њу Џерси и да вдомат некое кутре. Таму ги дочекало најголемото изненадување!
Од организацијата за вдомување животни, на својот сајт раскажале:
„Кутрето ви побегнува за време на ураганот Сенди. По залудното трагање, изгубивте надеж и година и половина подоцна решавате да вдомите ново кутре. Одите во складилиштето во Њу Џерси за да разгледате кое кутре го сакате, а волонтерот ви го носи вистинскиот кандидат – вашиот изгубен миленик!
Кутрето, кое го носеше името Лукас, ја доживеа оваа приказна. Тој беше донесен во складилиштето и чекаше да биде вдомен. Волонтерите дури тврдат дека од сам почеток изгледал како да бара некој.
Сега знаеме дека Лукас, чие вистинско име е Реклес, постојано го барал своето семејство.“
Додека Елисија веднаш го препознала своето кутре, нејзиниот сопруг не бил сосема сигурен затоа што Реклес бил премногу здебелен.
„Не лижеше, скокаше по цел метар во вис. Конечно пристигна дома. Знаеше дека на неговите маки им дојде крајот,“ вели Чак.