На овој концерт македонската публика ќе го има задоволството да биде прва која ќе ужива во настапите на 12те финалисти од „Х Фактор Адриа“, кои токму со концертот во Скопје ја започнуваат својата голема и долгоочекувана регионална турнеја.
Регионалното издание на „Х Фактор“ се одржа со исклучителен успех и очекувно, привлекувајќи огромно внимание од страна на публиката и медиумите насекаде во регионот, а особено во Македонија со победата на македонскиот претставник во финалното натпреварување Даниел Кајмакоски. Овој концерт се надеваме ќе биде одлична прилика заедно да покажеме дека успешната кариера на нашиот победник ќе започне токму од Скопје и со безрезервната поддршка од македонската публика.
А за успехот кој ѕвездите на шоуто веќе го достигнаа, доволно говори и фактот дека и по завршувањето на натпреварот, тие сè уште привлекуваат огромното внимание од медиумите и публиката, а еуфоричната популарност кај фановите секојдневно расте. Нивните одлични настапи ги направија толку популарни што тие за кратко време прераснаа во вистински идоли на публиката во целиот регион.
Изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје, се токму ѕвездите кои се пласираа во 12те финалисти на „Х Фактор Адриа“: Даниел Кајмакоски, Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.