Бритни Спирс на снимање на спотот „Work Bitch“ ја удрила, ненамерно танчерката. Но таа одлучи да ја тужи Бритни за непозната милионска сума.
– Свесна сум дека Бритни Спирс не ме повреди намерно, но можеше да биде покоректна и да ми ги плати трошоците за лекување, изјави танчерката Даун Ноел (30).
– Бев со отоци од нејзиниот удар и плачев во болки, а таа разгалена и вообразена дива не се удостои ни да ме побара и да ме праша дали сум добро, рече Даун.
Бритни со тоа многу ја разочарала, а кога слушнала дека пејачката не планира да ги плати лекарските трошоци, одлучи да ја тужи.
– Таа е скржава милијардерка, која не се грижи за луѓето. Паднав откако ме удри со раката, а таа на нејзиниот тим ладнокрвно им рече да ме изнесат и да продолжат со снимањето на спотот, ја опиша ситуацијата Даун.
Добитничката на Греми се уште не ја коментираше тужбата ниту инцидентот.