Овој пат, во најновите епизоди на серијата, султанот ќе се разболи од непозната болест која ќе биде проследена со многу висока температура. Со цел да му ги отстранат критичните симптоми, дворските доктори одлучуваат неговото тело да го стават во када полна со лед.
Турските медиуми пренесуваат дека снимањето на оваа сцена било доста исцрпувачко искуство. Продукциската куќа дури три недели се подготвувала за оваа сцена особено за тоа како студената вода би влијаела на здравјето на главниот лик Халит Ергенч (44).
Ергенч инсистирал сам да ја одигра оваа сцена и одбил да биде заменет од двојник. Тој сметал дека само доколку тој ја одглуми таа сцена, на најдобар начин ќе може да ја долови болката и маките на султанот.
Снимањето на сцената во импровизираната турска бања траело цели 6 часа.
Гледајќи како трепери од студ во кадата, членовите на продукцијата и снимателската екипа му предложиле да актерот да направи кратка пауза плашејќи се да не се разболи најбараниот актер во Турција.
Но, Халит тоа го одбил бидејќи не сакал да го прекинува текот на снимањето и да не ја изгуби концентрацијата.
Браќата Тајлан, режисерите на серијата, на крај побарале на сетот да се донесат силни грејачи кои наводно му помогнале на главниот актер барем малку да се загрее.