Со оваа диета симнувате 9 килограми за две седмици

popara15 јануари, 20151min00
11

Диета „9 кг“ – мени по денови

Во оваа диета појадокот е „убиствен“ т.е. кафе, кафе и само кафе секој ден. И тоа без шеќер. Доколку сте навикнати на слаткиот вкус на кафето можете да користите засладувач. Исклучително е важно да конзумирате многу вода (од 1.5 до 2л. на ден) и многу би било поволно за вас, во овие две недели да вклучите некоја минерално-витаминска формула која ви одговара.

Понеделник

Појадок:

  • Црно кафе без шеќер

Ручек :

  • 2 варени јајца
  • Спанаќ сварен во солена вода

Вечера :

  • 1 голем бифтек, печен на малку масло
  • Зелена салата


Вторник

Појадок :

  • Црно кафе без шеќер

Ручек :

  • 1 голем бифтек на жар
  • Зелена салата
  • Овошје по желба

Вечера :

  • Варена шунка (количината е неважна)


Среда

Појадок :

  • Црно кафе без шеќер

Ручек :

  • 2 варени јајца
  • Зелена салата
  • 1 домат

Вечера :

  • Варена шунка
  • Зелена салата


Четврток

Појадок :

  • Црно кафе без шеќер

Ручек :

  • 1 варено јајце
  • Варен морков
  • 100гр свежо сирење

Вечера :

  • Сезонско овошје
  • Овошен јогурт (количината си ја определувате сами)


Петок

Појадок:

  • Црно кафе без шеќер
  • Изрендан морков или пашканат со сок од лимон

Ручек :

  • 1 голема печена риба
  • 1 домат

Вечера :

  • 1 голем стек на жар
  • Зелена салата


Сабота

Појадок :

  • Црно кафе без шеќер

Ручек :

  • Пиле на жар

Вечера :

  • 2 варени јајца
  • Свеж морков или пашканат


Недела

Појадок :

  • чај со лимон (без шеќер)

Ручек :

  • 1 голем стек, печен на 1-2 лажички масло
  • Салата по избор
  • Овошје по избор

Вечера:

  • Честете се нешто по желба


Додатни напомени
:

  • Диета „9 кг“ се состои од два циклуса од по 7 дена, што значи дека после недела почнувате со другиот круг – пратејќи го менито за понеделник
  • Салатата можете да ја зачините со лимон и сол
  • Овошјето, салатата и морковот или пашканатот можете да ги јадете во неограничена количина кога се на менито
  • Стекот можете да го зачините со сол и зачини. А стекот, кој во менито цело време се напоменува дека е голем, е па не треба да биде поголем од 300 грама.