20-годишната Надине Кениг од Регенсбург во Баварија, само 30 минути откако на свет го донела својот првороден син, одлучила да го убие. Несреќното бебе најпрво го задушила, а потоа му го пресекла гркланот.
Само 30 минути по породувањето, таа го убила своето дете, бидејќи како што можело да се слушне во судницата, се плашела дека ќе и го загрози сексуалниот живот.
Обвинителката Улрике Клајн изјавила пред судот дека Надине како млада мајка, не можела да ја прифати одговорноста која ја носи едно мало дете. Кениг бременоста вешто ја криела од своите родители, а се породила во својата куќа во февруари минатата година. Телото на бебето го фрлила во реката Дануба и заминала во дискотека.
Откако вистината го здогледала светлото на денот, Кениг била уапсена, а нејзината 44-годишна мајка Керстин извршила самоубиство.