Џеј Зи повторно ја запроси Бијонсе!

popara6 мај, 20141min00
koga-bijonse-ke-zagubi-prsten-jej-zi-e-toj-sto-go-vraka-na-mesto-01

Тој ја мести под вистинскиот агол за фотографиите да изгледаат идеално. Но, кога на Бијонсе ќе ѝ падне прстенот, нејзиниот сопруг Џеј Зи е тука за да го побара и да го врати на место, на нејзината рака.

 Облечен во елегантни црни панталони со црни чевли и машна – пеперутка во комбинација со бела кошула и бело елегантно сако , како вистински џентлмен ја води неговата дама по црвениот тепих.

Во моментот кога неа ѝ паѓа прстенотод десната рака, Џеј Зи не чека некој да дојде и да го бара, туку веднаш го забележува, го крева од подот и повторно ѝ го става на прстот, потклекнат како повторно да ја запросува. Бијонсе тоа го прифаќа со широка насмевка.

Романтичен и кавалерски гест кој беше забележан на бројни фотографии и еден од најпренесуваните по светските медиуми.

koga-bijonse-ke-zagubi-prsten-jej-zi-e-toj-sto-go-vraka-na-mesto-10

Погледнете како изгледаше најпознатиот музички пар, кој годинава од 25 јуни тргнуваат на заедничка турнеја од Мајами: