
Бен Афлек се покажал и премногу добро во играта, а обезбедувањето утврдило дека тој си обезбедува предност така што ги брои картите. Од казиното Hard Rock уште нема официјална реакција за настанот за кој известија повеќето американски медиуми. Aктерот и режисер добил доживотна забрана од казино во Лас Вегас затоа што го фатиле како брои карти во блекџек.
Инаку, Афлек честопати се има натпреварувано во ваков тип на игри, a има освоено и турнир во покер. Познат е по својата дарежливост кога добива. Наводно знаел да даде бакшиш и до 5.000 долари.
