
Рускиот претседател Владимир Путин воведува морална полиција и најавил културна реформа во земјата, па така ќе ги забрани пцовките и вулгарностите.
Станува збор за нов и необичен закон кој претседателот на Русија веќе го потпишал и кој влегува во сила на 1 јуни, а според него вулгарностите изречени на улица ќе се казнуваат со парични казни од 50 до 1000 евра.
Според новиот закон и филмовите кои содржат неморален јазик нема да бидат пуштени во дистрибуција и јавност, книгите и музиката со ваква содржина ќе бидат означени со натпис “вулгарна содржина“.