Овен
1. Мора да се согласувате со мене!
2. Прво делувам, а потоа мислам!
3. Нема за запрам затоа што другите запираат!
4. Невозможно е мене нема да ми се случи тоа!
5. Не можете да го направите нешто подобро од мене!
6. Не сакам да се слушам себеси додека зборувам!
7. Инаетот е мојата најдобра особина!
8. Сакам да делам совети!
9. Овенот е фин, само кога нема други Овни покрај него!
10. Ако ме нападнеш ќе се повредиш!
Бик
1. Не ги жалам потрошените пари!
2. Ништо не барам од тебе, но ништо и не ти давам!
3. Ќе сторам сѐ само да не избие скандал!
4. Кога се одморам – не ме задевај!
5. Помеѓу удобен кревет и убав поглед, секогаш го бирам првото.
6. Јадењето е врвно уживање!
7. Јас сум дете на судбината!
8. Ако некој друг може да ја заврши работата, слободно нека го направи тоа!
9. Сакам блескави, сјајни предмети!
10. Професијата од соништата за мене е дегустатор!
Близнаци
1. Денес сум подобар од вчера, а за утре ќе видиме.
2. Моќта е во информацијата!
3. Ги слушам само своите совети!
4. Можам да бидам на повеќе места истовремено!
5. Секоја своја идеа ја реализирам!
6. Телефон и телевизор мора да имам во секоја соба!
7. Кој доцни, тешко нему!
8. Во борбата со животот никогаш нема да се предадам!
9. Сакам да купувам, но некој друг ќе мора да ми каже што да купам!
10. Морам да имам многу од сè!
Рак
1. Мојот дом е мојата твдрина!
2. Семејството ми значи сè!
3. Највисока доблест е трпението!
4. Ќе победи оној кој е трпелив!
5. Во мојот дом гостите се секогаш добредојдени!
6. Секогаш мора да имам маса со различни грицки и благо на неа!
7. Немам многу пари за да купувам евтини работи!
8. Морам да имам сопствена соба, во која ќе можам да бидам сам!
9. Паметам се!
10. Не купувам ништо ново, ако старото е не е скршено!
Лав
1. Следете ме мене, јас ќе ве водам!
2. Сите можете да сметате на мене, а не јас на вас!
3. Убавиот збор железни врати отвора!
4. Јас сум центарот на светот!
5. Сакам спокојна работа, а не висока плата!
6. Трошам толку колку што заработувам – што значи ништо не ми останува од платата!
7. Толку сум префинет, што си купив пијано, а не знам да свирам на него!
8. Иако се смеам, јас можеби само те манипулирам!
9. Незначителни проекти не се важни за мене!
10. Ако ви треба топлина и мудрост, дојдете поблиску!
Девица
1. Со работа и упорност сите ќе ве престигнам!
2. Скромноста е мојата добра страна!
3. Служам на другите, ама живеам само за себе!
4. Сè околу мене треба да биде во полн ред!
5. Мојот мозок управува со моето срце!
6. Ако има дамка на ѕидот, ќе го срушам и ќе изградам нов!
7. Сакам сè да е под мој надзор!
8. И пеш ќе одам по светот за моето семејство!
9. Жената мора да биде вистинска дама!
10. Сама ги бирам пријателите и не трпам навреди!
Вага
1. Морам да бидам во љубовна врска!
2. Никогаш не се расправам, тоа ме прави нервозна!
3. Се согласувам со тебе, само за да не се расправаме, а не затоа што се согласувам!
4. Секој принцип ќе го прекршам, ако сум убедена во тоа!
5. Може да убедам секој во сè!
6. Убавината е најважна во светот!
7. Секогаш сум добро расположена!
8. Постојано се двоумам!
9. Никој не е само лош или само добар!
10. Никогаш не можам да одлучам кое кафе да го нарачам!
Скорпија
1. Ако те обожавам – за тебе сум спремна сѐ правам со задоволство!
2. Под секој камен може да е скриена змија и затоа сум толку внимателна!
3. Дајте ми вистински добра причина, па да се насмеам!
4. Сакам да сакам!
5. Можам да те убијам со префинет гест!
6. Ако ми веруваш, може и да не те боцнам!
7. Не очекувај да ги покажам своите чувства!
8. Би помогнална на секој што потоа ќе ми покаже колку е благодарен!
9. Сакам да сум во центарот на вселената!
10. Јас сум како кактус, цветам само за одредени луѓе!
Стрелец
1. Сите луѓе се добри!
2. Го паметам секој, кој ми помогнал!
3. Живеам за да патувам!
4. Не позајмувам пари!
5. Никој не смее да ми се лути!
6. Сакајте ме, јас тоа го заслужувам!
7. Нема да зажалам за ништо што сум го направил!
8. Оние кои немаат со што друго да се пофалат, се фалат со работата!
9. Не се грижам без потреба!
10. Сите треба да ги исполнуваме обврските!
Јарец
1. Секое оптоварување јас можам да го издржам!
2. И сам воинот е воин.
3. Не учествувам во сомнителни зделки, знам дека ќе ме фатат!
4. Сакам да поседувам скапоцени работи кои сам сум ги купил!
5. Животот е воз, кој застанува на различни станици!
6. Уживам да сонувам и да фантазирам!
7. Човек мора да се бори за своето место!
8. Сонувам да бидам на врвот!
9. Јас не стареам!
10. Имам трпение, ќе почекам !
Водолија
1. Јас секогаш сум различен!
2. Сакаш да бидеш со мене? Тогаш стани таков каков што сакам јас да бидеш!
3. Мразам предрасуди!
4. Иднината е секогаш прекрасна!
5. Тешко е да сум совршен, но тоа се очекува од мене!
6. Најважна е добрата намера!
7. Отфрли сè што е старо, така ќе станеш добар пронаоѓач!
8. Во животот има поважни работи од сексот!
9. На прво место се моите пријатели, ако ми остане време ќе се грижам и за семејството!
10. Јас сум најдобар!
Риби
1. Срцето ги води телото и умот!
2. Алкохолот ми го олеснува животот!
3. Никој не може да ми каже што да правам!
4. Не одложувај за утре она што може да се заврши задутре!
5. Ветив, но кој знае дали ќе го направам тоа!
6. Работам секогаш полека!
7. Можам да направам анализа на секој човек, но не знам ништо за себеси!
8. Човек треба да е флексибилен, за да не се скрши!
9. Не е важно што правам, важно е да изгледам зафатен!
10. Ако ме турнеш, сигурно ќе се лизнам!