Вистински хорор: Тијана во Копенхаген заробена во лифт еден час!

popara8 мај, 20141min00
tijana105_v-contentgross

Нашата претставничка на Евровизија, Тијана Дапчевиќ, иако никогаш немала страв од затворен простор, доживеа сериозен шок кога лифтот и се заглави и ги остави така заробени на еден час.

tijanaaaa-500

Тијана во тој миг била во лифтот заедно со својата сестра Тамара Тодевска, а вистинската драма настанала кога лифтот почнал да се дрма. Тогаш почнале да паничат и да удираат на вратата.

Тијана и Тамара ја напуштиле хотелската соба и тргнале кон лифтот на генерална проба, кога тој одеднаш застанал меѓу катовите. Во прв момент тие не се исплашиле, но кога светлото почнало само да се пали и гаси ги фатила паника, пренесува извор српски Ало кој е во тимот на Тијана во Данска.

-Сега ми е смешно, но тогаш плачев од страв. Било, па поминало. Бидете со мене вечер, изјавила кратко Тијана за Ало.рс.

Набрзо реагирале домаќините и драмата се решила.