
Американската пејачка Соланж Ноулс, сестрата на Бијонсе физички го нападнала во лифт раперот Џеј Зи. Според медиумите инцидентот се случил минатата седмица на афтер-партито после Мет гала вечерта во Њујорк.
Откако Соланж, Бијонсе и Џеј Зи влегле во лифтот, можне брзо настапил и овој непријатен момент. Соланж почнала да вика на раперот и физички го нападнала, но обезбедувањето веднаш реагирале. Џеј Зи не сакал да се брани, а Бијонсе седела на страна не сакајќи да се меша.
httpv://www.youtube.com/watch?v=rWdhX9c_7FA#t=23