5 смртоносни фактори за имунитетот!

popara13 мај, 20141min00
21

Само личностите со силен имунитет ќе останат незасегнати од големите температурни промени и сезонските вируси. За да бидете и вие дел од нив мора да внимавате на вашиот начин на живот.

Ова се 5 навики кои го намалуваат имунитетот:

Недоволна физичка активност

Постојаното седење во текот на денот не само што ќе ве направи да се чувствувате послаби, туку ќе го ослабе и вашиот имунитет. Во текот на еден ден на организмот му е потребно најмалку 30 минути пешачење за да може да се избори со инфекциите. Неактивноста може да се одрази негативно на вашиот сон, а тоа ќе доведе до зголемување на телесната тежина и низа проблеми кои крајно го ослабуваат имунитетот.

Преголема телесна тежина

Вишокот на масни клетки влијае негативно врз имунолошкиот систем. Ги ослабуваат проинфламаторните хемикалии во телото со што се зголемува опасноста од хронични воспаленија.

Конзумирање на храна богата со шеќери и масти

Храната пребогата со шеќери ги поттиснува имунолошките клетки и тие не можат да го бранат организмот од инфекциите. Конзумирањето на 100 гр шеќер во денот е исто како да сте испиле 350 мл газиран сок.

Континуиран стрес

Краткорочниот стрес може да го зајакне имунолошкиот систем, но континуираниот стрес доведува до лесно настинување, поттиснување на имунолошкиот систем и до сериозни заболувања.

Социјална изолираност

Спроведените истражувања покажуваат дека лицата кои се во постојана комуникација со блиските и пријателите имаат посилен имунитет, за разлика од оние кои се изолирани.