Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

popara28 септември, 20151min00

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги греат и ладат рацете. Притоа, требало да завршат одредени задачи во пар.

Задачите биле прилично тешки, па испитаниците имале право да одлучат дали ќе се потрудат да остварат комуникација со одредената личност или ќе се повлечат во себе.

Се покажало дека луѓето биле подготвени да ја завршат задачата само кога рацете им биле топли.

Па така, конечните карактеристики за оние со топли раце се срдечноста, соработката и љубезноста, додека за оние со студени раце важи спротивното – тие се личности со камено срце.

Професорот Ленс Воркмен кој работел на ова истражување, открива: Постојат докази дека во текот на еволуцијата на нашиот мозок центрите за физичко чувство на топлина влијаат и на меѓучовечките односи. Кога некој ќе каже дека е „загреан за некоја личност,“ тоа треба да го разбере сериозно, затоа што со зајакнатите позитивни чувства расте и телесната топлина.

За жал, овој податок многу вешто го користат маркетинг агенциите кои на купувачите им нудат бесплатно кафе или чај, знаејќи дека ќе бидат подготвени да потрошат повеќе пари на роба која не им е потребна.

Но, ако сакате да стекнете нови пријателства, да ги омекнете своите колеги или имате желба за романтика со вашиот партнер, доволно е да понудите една шолја топол пијалак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *