Спасувајќи нечиј туѓ живот, всушност, вие се спасувате самите себе

popara14 мај, 20141min00
16

Некој човек, додека се спуштал низ високите планини прекриени со снег, се надевал дека што побргу ќе стигне во своето село, пред да започне снежна бура.

Но, на негово големо разочарување, бурата го покажала своето немилосрдно лице и со сета своја големина го завеала човекот. Не можел да види ниту еден метар пред него, поради снегот кој го носел ветрот на сите страни.

Иако знаел дека веќе е во близина на неговото село, потполно изгубил ориентација и не можел да одлучи во кој правец треба да се движи.

Изморен, воден и вкочанет од студот, решил да и се предаде на судбината. Паднал на снегот и очекувал во секој момент дека ќе почне да се смрзнува. 

Додека лежел на снегот, во далечината, слушнал тивко лаење на куче. Викал и свирел по кучето и почнал да лази кон местото од каде доаѓало лаењето. 

Како што и си замислувал, тоа било мало кученце, кое исто така било изгубено во снежната бура. Целото било водено. 

Човекот сакајќи да му помогне да остане живо, со своите дланки и со цела своја сила, почнал да го трие по крзното.
Цела ноќ го топлел кучето со својата прегратка и дишел во него.

Наредното утро кога снежната бура престанала, луѓето од селото ги пронашле живи човекот и кучето. Дознале дека, додека човекот се обидувал да го спаси животот на кучето, всушност си помогнал самиот себе да преживее во снежната бура. 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag