Во длабоките води покрај брегот на Ангола тим истражувачи открија место каде некои од најголемите морски суштества одат да умрат, пишува Daily Mail. Околу секое тело се наоѓале по 50 чистачи кои биле во потрага по храна што кажува како се „рециклираат“ големите морски суштества кога умираат.
Истражувачите сметаат дека остатоците од тие животни произведуваат четири проценти од вкупната храна што ја користат морските суштества. Студијата е објавена во списанието PLOS One.
„Направени се многу истражувања за китовите и ајкулите кои умираат, но никогаш не сме го откриле местото на кое заминуваат кога ќе почувствуваат дека се пред умирање“, вели научникот Ник Хигс од Универзитетот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=zxXG2Vg2rrs