Да се биде скептичен е здрав начин како да ја избегнете стапицата на песимизмот, кој сам по себе носи големи негативни последици во вашиот живот.
Доколку гледате со негативен став на секоја ситуација, може да пропуштите можности, да ги запоставите проблемите кои треба да се решат и да немате волја за преземање дејства кои би ви го подобриле животот.
Студиите покажуваат дека песимистите се склони на добивање хронични болести во подоцнежниот период од животот. Оптимистите секогаш гледаат светло на крајот од тунелот, а ако сте песимисти никогаш нема да бидете во можност да се фокусирате на важните работи во животот.
Еве неколку корисни совети како да го задржите оптимистичкиот став во животот:
Прво, отфрлете го ставот дека целиот свет е против вас и дека сте родени со сив облак над главата. Колку побргу го отфрлите овој став, толку полесно ќе ја смените вашата перспектива.
Второ, разјаснете си дека лошите искуства од минатото не влијаат врз иднината. Не е правило дека тоа што започнало лошо, ќе заврши лошо.
Трето, престанете да мислите што ви се случило, размислувајте што треба да ви се случи.
Четврто, напишете си неколку позитивни реченици кои јасно ќе ја искажат вашата истрајност во тешки периоди и последно, запомнете дека животот е краток.
Кога и да се почувствувате разочарано за својата иднина, потсетете се дека секоја минута е важна.