Средношколци од Северна Косовска Митровица ќе го завршат своето четиригодишно образование. Матурата на овие средношколци ќе биде поинаква од било која до сега.
Тие наместо елеганти фустани и одела ќе носат маички со натписот: „Без 5 минутен гламур нема да пропадне матурата“. Парите кои ќе ги соберат се наменети за хуманитарни цели, за болни деца, пренесува порталот КоССев.инфо.