Тој решил да почне да вежба откако еден ден почуствувал силна болка во градите, по што се онесвестил.
Првиот чекор што го направил било да се пријави на натпревар на една интернет страница посветена на боди билдинг, на кој првата награда изнесувала 50.000 долари.
Поттикнат од желбата да ослабне и од премијата, Мининг за четири месеци интезивно вежбање загубил 20 килограми и ги освоил 50-те илјади долари.
– Децата ми велат дека изгледам како супер јунак. Ќерка ми вели дека на старите фотографии изгледам мизерно, изјави Мининг.
Кога почнал да вежба имал 96 килограми, а откако вовел драстични промени во исхраната и започнал со редовно вежбање, се променила и неговата здравствена состојба – му се намалил колестерол, а маснотиите во телото од 26 отсто ги свел на само пет проценти.