Најголемиот баксуз на светот: Неколку пати се соочил со смртта, а тогаш се случило нешто неверојатно…

popara16 мај, 20141min00
8

Животната приказна на Фрањо Селак од Хрватска се прераскажува ширум Европа. Станува збор за најголемиот баксуз или најголемиот среќник на светот…
Фрањо Селак е 85 годишен наставник во пензија. Приказната за неговиот необичен живот ја снимиле Дискавери и Би-Би-Си.
Приказната почнува во 1962 кога Фрањо патувал со воз од Дубровник за Сараево, возот скршнал од шините и паднал во заледената река. Додека повеќето патници се удавиле, Фрањо со скршено рамо допливал до брегот и се спасил. Ова е само почеток…
Година подоцна патувал со авион до Ријека. Авионот останал без погон на двата мотори. Притисокот во кабината паднал, и како тоа да не било доволно, вратата на авионот се отворила и паднала. Низ вратата паднал и Фрањо. И тоа без падобран.
И додека авионот со 19 патници паднал и изгорел, Фрањо безбедно паднал на пласт сено.
Две години подоцна патувал со автобус. Поради мразот шоферот изгубил контола над возилото и преку заштитната ограда автобусот паднал во провалија. Четворица погинале, Фрањо секако преживеал.
После вакви искуства Фрањо решил да патува со сопствено возило.
Во 1970 автомобилот му се запалил. Фрањо рипнал од колата за време на вожња и се спасил.
Три години подоцна нова кола – стар малер. Повторно пожар. И повторно Фрањо се спасил.
Автобус го удрил во 1995 година, а година подоцна имал уште една сообраќајна несреќа со камион, па завршил во провалија длабока 300 метри. Но пак некако успеал да се спаси…
Ова била неговата последна средба со смртта.
На 72 години за прв пат купил лото ливче. Можете ли да претпоставите што се случило?
Добил секако! И тоа милион евра!

httpv://www.youtube.com/watch?v=dZyUWLW7kEI#t=26

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag